- 24.11.2014
12-ти состанок на Надзорниот Комитет на Пан-Европската Програма за транспорт, здравје и животна средина
Oд 19-21.11.2014 година во седиштето на СЗО во Женева, Швајцарија се одржа 12-тиот состанок на Надзорниот Комитет на Пан-Европската Програма за транспорт, здравје и животна средина, во организација на Светската здравствена организација за Европа (СЗО) и Економската Комисија за Европа при Обединети Нации (УНЕЦЕ).
На состанокот учествуваа 17 земји членки од Европскиот регион со 36 учесници од Азербејџан, Белорусија, Белгија, Франција, Унгарија, Казакстан, Литванија, Норвешка, Македонија, Молдавија, Русија, Србија, Туркменистан, Украина, Узбекистан, Швајцарија и Шпанија, како и од СЗО и УНЕЦЕ, POLIS, Eвропската велосипедска Федерација, Меѓународната Федерација за патишта, UN Habitat и World Health Communication Associates. Македонија беше претставена од Проф. д-р Михаил Кочубовски од Институтот за јавно здравје на Република Македонија, Национален фокал поинт за Пан-Европската Програма за транспорт, здравје и животна средина.
Проф. д-р Михаил Кочубовски беше избран за Ко-претседавач за периодот 2014-2015 година.
На 19.11.2014 година се одржа Симпозиумот „Зелена и здрава урбана мобилност: улогата на урбаното и просторното планирање“ во функција на Целта 5 од Париската Декларација за интегрирање на транспортните, здравствените и еколошките цели во политиките за урбано и просторно планирање.
На 20.11.2014 година се одржа 12-тиот состанок на Надзорниот Комитет на Пан-Европската Програма за транспорт, здравје и животна средина на кој беше усвоено Упатството за развој на национални планови за транспорт, здравје и животна средина.
Работилницата „Подобрување на одржливата мобилност за подобро здравје и животна средина„ одржана во Каунaс, Литванија од 24-24.09.2104 година беше оценета за многу успешна.
Беа усвоени и новите публикации „Потстрек за нови можности: работни места во зелен и здрав транспорт“, „Знаци и сигнали за велосипедисти и пешаци“ и „Од Амстердам до Париз и потоа: Пан-Европската Програма за транспорт, здравје и животна средина (ТНЕ РЕР) 2009-2020“.
Претставникот од Австрија елаборираше за успешниот почеток на двете партнерства лансирани за време на 4-тиот Состанок на високо ниво во Париз, Франција од 14-16.04.2104 година и тоа:
- ТНЕ РЕР партнерство за промовирање на велосипедизмот, и
- ТНЕ РЕР партнерство за еколошко возење.
Беа усвоени условите за работа на новиот имплементационен механизам „ТНЕ РЕР Академија“ која има за цел линк на науката, политиката и праксата, за интегрирање на транспортот, здравјето, животната средина и просторното планирање.
Исто така беше усвоена и ТНЕ РЕР програмата за работа за 2014-2015 година.
Се разгледаа и можните опции за соработка со меѓународни организации и процеси.
На 21.11.2014 година се одржа 26-тиот состанок на Бирото на ТНЕ РЕР.