- 19.05.2022
ФОРУМ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА СЗО – ПРЕДИЗВИЦИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПРОБЛЕМОТ НА ДЕБЕЛИНА
Фокус на денешниот форум во организација на СЗО беа предизвиците за справување со проблемот на дебелина, со посебен акцент на детската дебелина.-Нашата, како и земјите од Западен Балкан, се меѓу земјите во Европа со висока преваленца на дебелина.Министерството за здравство и Владата на РСМ продолжуваат да ја поддржуваат иницијативата на СЗО Европа за следење на дебелината кај децата во нашата држава преку Национална годишна програма за јавно здравје, рече министерот Беким Сали, изразувајќи благодарност до тимот на СЗО, заради дадената доверба, нашата држава да биде домаќин на овој настан.
Процесот за овој настан го координираше Проф. д-р Игор Спироски, Раководител на Одделение за исхрана и здравствено-хигиенски прегледи, како дел од Институт за јавно здравје и национален координатор на Министерството за здравство за соработка со СЗО во областа исхрана и незаразни болести.
Извор: Министерство за здравство