- 14.11.2026
14 ноември – Светски ден на дијабетесот
Дијабетесот претставува еден од значајните јавно-здравствени предизвици на современото општество. Превенцијата, навременото откривање и соодветната контрола на заболувањето се од суштинско значење за зачувување на здравјето и подобрување на квалитетот на животот.
По повод Светскиот ден на дијабетесот, потсетуваме на важноста од усвојување здрави животни навики и грижата за сопственото здравје.
Некои од најважните препораки за превенција и контрола на дијабетесот се:
- Одржување здрава телесна тежина;
- Редовна физичка активност и избегнување на седечки начин на живот;
- Правилна, разновидна и балансирана исхрана;
- Зголемен внес на овошје, зеленчук и храна богата со растителни влакна;
- Ограничување на внесот на шеќери и високо преработена храна;
- Избегнување на пушењето и прекумерната употреба на алкохол;
- Доволен сон и соодветно справување со стресот;
- Редовни здравствени контроли и навремено проверување на нивото на гликоза во крвта, особено кај лицата со зголемен ризик;
- Кај лицата со дијабетес – редовно придржување кон препорачаната терапија, следење на гликемијата и превентивни прегледи за рано откривање на компликациите.
Превенцијата не е еднократна активност, туку континуирана грижа за здравјето. Со информираност, едукација, здрави избори и заедничка одговорност можеме да придонесеме кон намалување на ризикот од дијабетес и неговите компликации.
Подготвена е и „Анализа на состојбата и препораки за превенција и контрола на дијабетес мелитус во Република Македонија, 2026–2030 година", која содржи подетален приказ на состојбата и препораки за унапредување на превенцијата и контролата на ова заболување.
Целосната анализа можете да ја прочитате тука
