- 18.07.2024
ЗАШТИТА НА ДОЕНЧИЊАТА И ДЕЦАТА ОД СОНЦЕ
0-6 месеци:
- Доенчињата на возраст под 6 месеци треба да се чуваат подалеку од директна сончева светлина.
- Избегнувајте користење крем за сончање. Младата кожа на бебето нема способност да метаболизира и излачува хемикалии кои често се наоѓаат во кремите за сончање.
- Облечете го бебето во лесна сончева облека – заштитна облека што дише и ги покрива рацете и нозете.
- Секогаш заштитувајте ги главата, лицето, ушите и вратот на вашето бебе со капа со широк обод и/или чадор. Бебето кое носи капа во првите неколку месеци ќе се навикне да ја носи.
- Користете очила за сонце со UVA/UVB заштита. Очите се погодени од изложеноста на зраците на УВ зрачењето.
- Прошетајте рано наутро пред 10 часот или после 17 часот и користете светлобојна количка со заштитна покривка од сонце.
- UV-апсорбирачки заштитен слој за прозорци во автомобилите.
6-12 месеци:
- Сите методи на заштита објаснети погоре важат и за оваа категорија, но, сега, може да се вклучи употребата на креми за сончање.
- Одберете крем за сончање наменета за детска кожа во консултација со Вашиот лекар или фармацевт.
- Нанесете крем за сончање со широк спектар со минимум 30 фактор на сончева заштита, особено местата непокриени, како што се рацете, вратот, ушите и нозете на бебето.
- Што е најважно, кремот за сончање мора да се нанесува 30 минути пред да излезете надвор и повторно да се нанесува на секои два часа или по пливање или прекумерно потење.
Предучилишна возраст:
- Сите методи на заштита објаснети погоре важат и за оваа категорија.
- Заштитата на малите деца од сонцето бара малку повеќе размислување и труд. Важно е да гo едуцирате вашето дете и старателите.
- Проверете го просторот на отворено каде што вашето дете игра за да се уверите дека има соодветна сенка.
- Погрижете се малите деца да бидат покриени. Облеката од памук со долги ракави, светлобојна, удобна, а истовремено и високозаштитна.