• 18.07.2024

ЗАШТИТА НА ДОЕНЧИЊАТА И ДЕЦАТА ОД СОНЦЕ


0-6 месеци:
  • Доенчињата на возраст под 6 месеци треба да се чуваат подалеку од директна сончева светлина.
  • Избегнувајте користење крем за сончање. Младата кожа на бебето нема способност да метаболизира и излачува хемикалии кои често се наоѓаат во кремите за сончање.
  • Облечете го бебето во лесна сончева облека – заштитна облека што дише и ги покрива рацете и нозете.
  • Секогаш заштитувајте ги главата, лицето, ушите и вратот на вашето бебе со капа со широк обод и/или чадор. Бебето кое носи капа во првите неколку месеци ќе се навикне да ја носи.
  • Користете очила за сонце со UVA/UVB заштита. Очите се погодени од изложеноста на зраците на УВ зрачењето.
  • Прошетајте рано наутро пред 10 часот или после 17 часот и користете светлобојна количка со заштитна покривка од сонце.
  • UV-апсорбирачки заштитен слој за прозорци во автомобилите.
6-12 месеци:
  • Сите методи на заштита објаснети погоре важат и за оваа категорија, но, сега, може да се вклучи употребата на креми за сончање.
  • Одберете крем за сончање наменета за детска кожа во консултација со Вашиот лекар или фармацевт.
  • Нанесете крем за сончање со широк спектар со минимум 30 фактор на сончева заштита, особено местата непокриени, како што се рацете, вратот, ушите и нозете на бебето.
  • Што е најважно, кремот за сончање мора да се нанесува 30 минути пред да излезете надвор и повторно да се нанесува на секои два часа или по пливање или прекумерно потење.
Предучилишна возраст:
  • Сите методи на заштита објаснети погоре важат и за оваа категорија.
  • Заштитата на малите деца од сонцето бара малку повеќе размислување и труд. Важно е да гo едуцирате вашето дете и старателите.
  • Проверете го просторот на отворено каде што вашето дете игра за да се уверите дека има соодветна сенка.
  • Погрижете се малите деца да бидат покриени. Облеката од памук со долги ракави, светлобојна, удобна, а истовремено и високозаштитна.
 
deca