- 07.08.2023
Интерен оглас за вработување на административни службеници
Врз основа на член 30, 31,49 од Законот за административни службеници (,,Службен весник на РМ” Бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18 и Службен весник на РСМ бр,275/19 и 14/20), Правилник за систематизација на работните места во ЈЗУ Институт за јавно здравје на РСМ Скопје, архивски број 02-953/1 од 16.04.2020 година и Правилник за измена и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места (бр. 02-1252/3 од 03.06.2020; бр.02-1968/3 од 19.08.2020; бр. 02-2481/2 од 01.12.2020; бр. 02-537/5 од 25.02.2021; бр. 02-1100/4 од 29.04.2021; бр. 02-1307/4 од 14.06.2021; бр. 02-1622/2 од 23.07.2021 и бр. 02-2035/2 од 30.08.2022г.). Согласноста за вработување од министерството за финансии со бр. 18-7081/2 од 30.06.2023 и Одлуката бр.04-1878/1 од 31.07.2023 за објавување на интерен оглас за вработување, ЈЗУ Институт за јавно здравје на РСМ – Скопје објавува:
ИНТЕРЕН ОГЛАС
ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА АДМИНИСТРАТИВНИ СЛУЖБЕНИЦИ
ЈЗУ Институт за јавно здравје на РСМ – Скопје распишува интерен оглас за унапредување на следните административни службеници:
- Раководител на Сектор за административни работи и логистика 1 (еден) извршител
- Покрај општите услови за вработување утврдени со Закон, кандидатите под реден број 1 треба да ги исполнуваат следните посебни услови:
– Завршен Економски факултет со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/2 а степен;
- Уверение за овластен сметководител
– 5 години работно искуство непосредно на пониско работно место;
– Работното време е 40 часа неделно. Основна нето-плата 36.923.00 денари.
Во прилог на пријавата, а како доказ за исполнување на условите, кандидатите под реден број 1 треба да ги достават документите во оригинал форма, или копија заверена кај нотар:
– Пријава со податоци за контакт;
– Кратка биографија CV;
– Уверение за државјанство во оригинал или копија заверена на нотар;
– Уверение (диплома, потврда) за завршен факултет, во оригинал или копија заверена на нотар;
-Уверение за овластен сметководител
– Уверение за здравствена состојба не постаро од една година во оригинал или заверена на нотар
– Доказ дека не им е изречена забрана со правосилна одлука за вршење на професија или дејност, оригинал или заверено на нотар;
– Потврда за 5 години работно искуство на непосредно пониско работно место.
Кандидатите кои завршиле соодветно образование во странство треба да поседуваат:
– нострифицирана диплома со соодветно образование во оригинал или копија заверена на нотар;
– документ за еквиваленција на оцените, издаден од Министерство за образование и наука во оригинал или копија заверена на нотар.
Рокот за пријавување на огласот е 5 (пет) работни дена од датумот на објавување на огласот.
Како прв ден на објавување се смета денот на последното објавување во јавно гласило.
Ненавремена, нецелосна и неуредна документација нема да биде предмет на разгледување од страна на комисијата за селекција на кандидатите.
Пријавите со потребните документи се доставуваат во архивата на ЈЗУ Институт за јавно здравје – Скопје секој работен ден од 08:00 до 14:00 часот или како препорачана пратка по пошта на адреса ,,ЈЗУ Институт за јавно здравје на РСМ – Скопје” ул. ,,50-та Дивизија” бр. 6, општина Центар, со назнака ,,за интерен оглас за вработување”.
Селекција за изборот на кандидатите ќе се изврши согласно член 48, 49, 50, 51, 52, 53 од Законот за административни службеници (,,Службен весник на РМ” Бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18 и Службен весник на РСМ бр,275/19 и 14/20).
ЈЗУ Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија – Скопје
ДИРЕКТОР/ DREJTOR
Doc. D-r. Shaban Memeti