- 22.09.2023
Јавно-здравствените ефекти на аерозагадувањето во Скопје – интервју на проф. д-р Михаил Кочубовски
Според „Гардијан”: „Во Скопје се наоѓаат три од најзагадените населби на континентот, покажала анализата на Гардијан заснована на моделирање на европските податоци за квалитетот на воздухот. Заедно со градовите низ Западен Балкан и во Полска, таа е едно од европските жаришта за честички помали од 2,5 микрони во дијаметар, познати како ПМ2,5. Некои од овие ситни честички се провнуваат низ белите дробови и во вените, јавајќи низ крвотокот во целото тело и предизвикувајќи хаос кај органите што ги среќаваат.
Една студија во 2018 година, во која е еден од авторите и проф. Кочубовски, покажа дека воздухот во Скопје е толку затнат со загаденост што жителите умирале во просек две до три години порано отколку кога би го немало овој еколошки фактор, „кој во голема мера може да се спречи”.
Ако го претворите ова во економски термини, цената што ја плаќа општеството е „многу, многу висока”, вели Михаил Кочубовски, коавтор на студијата и шеф на тимот за животна средина во македонскиот Институт за јавно здравје, кој цената за општеството од загаденоста на воздухот во Скопје ја проценува меѓу 0,5 и 1,5 милијарди евра. „Многу е подобро да се плати 1 евро (за превенција), да речеме, и да заштедите 5 или 10 евра, кои нема да ги потрошите за здравствени проблеми како што се морбидитет, смртност и боледувања.”
Целиот натпис можете да го прочитате на долунаведените три е-врски:
Научниот труд https://www.mdpi.com/1660-4601/15/4/626
На македонски https://mkd.mk/node/525764