• 28.09.2023

СООПШТЕНИЕ ДО СРЕДСТВАТА ЗА ЈАВНО ИНФОРМИРАЊЕ И ДО ГРАЃАНИТЕ


ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА СВЕТСКИОТ ДЕН НА СРЦЕТО –          
29 СЕПТЕМВРИ ВО 2023 ГОДИНА
 
(Во организација на Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија)
Секоја година Институтот за јавно здравје на РСМ од Скопје во соработка со повеќе државни институции, здравствени организации од приватниот сектор и организации од граѓанскиот сектор го одбележува Светскиот ден на срцето – 29 септември со цел  да се подигне свеста кај граѓаните од сите возрасти да го чуваат и унапредуваат здравјето и да ги превенираат ризиците по здравјето со што ќе живеат поздраво и ќе спречат појава на срцеви болести и други сродни здравствени проблеми.
Активностите поврзани со светската кампања под мотото “ КОРИСТИ СРЦЕ, ЗНАЈ ПОВЕЌЕ ЗА СРЦЕТО“ ќе се одвиваат во периодот од  29 септември до 1 октомври 2023 во Скопје.
На 29 септември, oд 10:00 – 11:00 часот во Детскиот културен центар “Карпош“ ќе биде поставена изложба на цртежи подготвени од децата од ликовната секција на тема: “Здрав живот – здраво срце”, додека во дворот на Центарот ќе се промовира физичката активност преку активности на децата од спортската секција. Гости учесници ќе бидат децата од градинката 13 Ноември од Општина Центар – објект Парк.  Од настанот ќе се подготви видео кое ќе се постави на социјалните мрежи и на You Tube.
Активности на Институтот за јавно здравје на РСМ:
  • Објавување на стручни текстови, постери, флаери на интернет страницата и фејсбук страната на Институтот за јавно здравје на македонски и на албански јазик.
  • Учество во радио и ТВ емисии на вработени од Институтот на теми поврзани со здравјето и превенцијата на кардиоваскуларните болести
  • Организирање на настан на отворено со разни активности.
Настан на отворено:
  • Дата и час на оддржување на настанот: 30 септември (сабота), 9:00-13:00 часот
  • Локација: Градски парк Скопје кај Школка
  • Учесници: Институт за јавно здравје на РСМ, членови на Здружение “Здрава Иднина”, Факултет за физичко образование, спорт и здравје, Национална федерација “Спорт за сите на Северна Македонија”, УК за кардиологија, Клиничка болница Жан Митрев и Црвен крст на РСМ.
  • Предлог активности на настанот, 9:00 – 13:00 часот кај Школка, Градски парк Скопје :
  • Изјави за мас медиумите во 12:00 часот
  • Превентивни бесплатни прегледи – мерење крвен притисок, шеќер и холестерол во крвта, одредување на Индекс на телесна тежина
  • Едукација за значењето на здравиот стил на живот, особено на физичката активност за превенција на срцевите заболувања
  • Делење на пропаганден материјал
  • Давање овошје и вода на граѓаните во текот на настанот
  • Одржување на групни рекреативни вежби со примена на спортски реквизити.
 
Ги повикуваме граѓаните да ја искористат оваа можност да направат бесплатни прегледи заради превенција на болести на срцето и крвните садови!
На 1 октомври 2023 вработени од Институтот за јавно здравје ќе учествуваат на Скопскиот маратон.
Одбележувањето на Светскиот ден на срцето се реализира согласно задачите и активностите кои произлегуваат од превентивната програма “Здравје за сите во РСМ во 2023 година” на Одделот за здравствена промоција и следење на болести при Институтот за јавно здравје на РСМ, а со поддршка на Министерството за здравство.
                                                                  Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија