• 10.10.2023

СМРТНОСТ ОД РАК НА ДОЈКА КАЈ ЖЕНИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО ПЕРИОД 2010-2022 ГОДИНА


Во Р.С. Македонија најчеста причина за смрт од малигни неоплазми кај жените во периодот 2010-2022 година е малигната неоплазма на дојка. Од малигна неоплазма на дојка во 2010 година починале 310 жени со стапката на морталитет од 30,0/100000 жени, во 2021 година 337 жени со стапка од 32,6 и во 2022 година 356 жени со стапка од 38,5 на 100000 жени.
Дијаграм 1: Број на умрени жени од малигна неоплазма на дојка во Р.С. Македонија, 2010 – 2022 година
slika 1
Дијаграм 2: Стапка на морталитет од малигна неоплазма на дојка кај жени во Р.С. Македонија, 2010 – 2022 година
slika 2
Подготвил:
Оддел за здравствена промоција и следење на болести