- 26.10.2023
Институт за јавно здравје годинава почна со мерење на радон во вода
Досега лабораториите вршеа мерења на радон во почва.
Присуството на радон во животната средина е едно од основните опасности од природно јонизирачко зрачење по здравјето на луѓето.
Радон – гас без боја, мирис и вкус
Присутност – во почвата и вода
Последици од долготрајна изложеност над дозволените граници - може да предизвикува канцер на бели дробови
Лабораториите на ИЈЗ се опремени со насјовремена апаратура која се користи за континуирано мерење на радон во затворени простории, училишта, градинки, колективни згради за домување, индивидуални куќи, државни институции, и во примероци од животна средина-почва и вода.
Мерењата се изведуваат со помош на:
- пасивен систем на трагови детектори за мерење на радон во затворени простории
- активни детектори за определување на концентрацијата на радон во почва и вода
Првата мапа на радон ИЈЗ ја изработи во 2008 година по извршени мерења во 500 објекти - домови, училишта и градинки на територијата на Македонија, по случаен избор. Мерењата се вршеа во сите годишни времиња.
Во 2019 година со мапата беа опфатени над 500 образовни и воспитни институции, со што се опфати речиси цела територија на државата. Мапата во текот на наредните години е проширена со над 4000 детектори. Мерењата до сега покажаа дека концетрациите се во границите.
Во најголемиот број на мерења, концентрацијата на радон е под препорачаните вредности според правилникот на Дирекцијата за радијациона сигурност и тоа под 200 Bq/m3 за нови градби и 400 Bq/m3 за стари градби. На местата каде што мерењата ќе покажат надминување на концентрациите, стручните лица на ИЈЗ даваат препораки. Мониторингот на тие места продолжува да се врши секоја година.
Основната мапа на радон се проширува и дополнува со зголемен број на мерења секоја година, што е предуслов за превенција на населението преку грижа за здравјето.
За повеќе информации на следниот линк
Во тек се обуки за определување на радионуклиди во примероци од животна средина со помош на течна сцинтилациона техника за што Инстутот за јавно здравје комплетно ја опреми лабораторијата.
Целта на оваа техника е резултатите од мерењата што се наменети за Националната годишна програма за превенцијада од радијационо зрачење се обработуваат во многу покус рок од предходно.
Засега оваа метода се користи само во превентивни цели, но Институтот има капацитет да ја направи достапна за сите кои по која било основа имаат потреба.
За повеќе информации на следниот линк
Автоматски мониторинг на надворешно гама зрачење и мерење на радиоактивност во воздухот во Македонија
Во текот на 2023 година е поставена нова инсталација за 12 нови детектори низ територијата на РСМ за автоматски мониторинг на надворешно гама зрачење, со што ќе бидат заменети веќе постоечките детектори.
ИЈЗ е единствена институција во Македонија која што во рамките на своите активности врши мерења на доза од надворешно гама зрачење со помош на пропорционален детектор (Vacutec, Mod. No. 70045) со енергетска компензација на Н*(10) за референтна точка на 137Cs (662 keV) согласно ICRU 39.
Мрежата на детектори што мерат надворешно гама зрачење е пропорционално распоредена на 12 мерни места: Скопје, Велес, Неготино, Гевгелија, Струмица, Берово, Крива Паланка, Кичево, Дебар, Охрид, Крушево и Битола.
Мерењата на доза од надворешно гама зрачење се вршат континуирано, со што се добиваат 360 детектирани вредности за секое мерно место во тек на 24 часа, кои се емитуваат во Европската мрежа за автоматски мониторинг од надворешно гама зрачење.
За повеќе информации на следниот линк
Персонална дозиметрија
Со набавката на нови 500 персонални дозиметри за задолжителна контрола од јонизирачко зрачење на здарвстевните работници и соработници во институциите, Институтот за јавно здравје значително ја прошири мрежата на оваа дејноста.
Сето ова укажува на повисоко ниво на грижа за здравјето на целото население во Македонија, а пред се на подигнување на свесноста кај популацијата од ризикот од јонизирачко зрачење.
Квалитетот во работата се потврдува секоја година со позитивни резултати од меѓународните тестови за интеркомпарација.
За повеќе информации на следниот линк