• 16.11.2023

Ратификација на Протоколот за вода и здравје


 На 14.11.2023 година за време на состанокот на Работната група за поставување на цели во Палатата на Нации во Женева,  во рамките на Протоколот за вода и здравје во координација на Светска здравствена организација - Регионалната Канцеларија за Европа и УНЕЦЕ (Економската Комисија на ОН за Европа) свечено ја одбележаа Ратификацијата на Протоколот за вода и здравје од страна на Република Северна Македонија.

Процесот до ратификација на Протоколот за вода и здравје во октомври 2023 година го водеа Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија и Министерството за животна средина и просторно планирање во рамките на Протоколот за вода и здравје.

Република Северна Македонија стана 28-ма земја која го ратификувала Протоколот за вода и здравје во Европа.

Целта на Протоколот за вода и здравје е да се унапреди човековото здравје и да се заштити животната средина од можно загадување на водите и да се подобри водоснабдувањето и санитацијата. Од Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија претставник на свечената промоција беше Проф. д-р Михаил Кочубовски - Национален фокал поинт за Протоколот за вода и здравје, додека од Министерството за животна средина и просторно планирање беше Г-дин Илбер Мирта - Национален фокал поинт за Конвенцијата за заштита и користење на прекуграничните водотеци и меѓународните езера.