• 23.11.2023

СВЕТСКИ ДЕН ТОАЛЕТИТЕ 2023


 

ЧУВАЈТЕ ГО ВАШЕТО ГНЕЗДО ЧИСТО, КАКО НА КОЛИБРИТО

Колибрито покажува дека можеме да бидеме мали, но моќни!

Дали знаевте дека колибрите инстинктивно ги чуваат гнездата ослободени од телесен отпад за да ги заштитат своите младенчиња? Заради тоа, колибрито е симбол на Светскиот ден на тоалетот и Светскиот ден на водата во 2023 година.

Гнездата ќе бидат совршен симбол за тоа како сите можеме да направиме нешто – колку и да е мало – за да ги подобриме санитарните услови и да се заштитиме себеси и другите околу нас.

Тоалетите честопати се занемарени или се табу тема, а тие, се фундаментални за здравјето на луѓето и на планетата?

Денес 3,5 милијарди луѓе сè уште живеат во услови без добра санитација? Но, санитарната криза ги поткопува напорите за сите главни глобални прашања, пред сè здравствените!

Студија на СЗО  уште од 2012 година покажа дека за секој инвестиран 1 $ во санитарни услови, значи добивка од 5,5 $ во пониски здравствени трошоци, поголема продуктивност и помалку предвремени смртни случаи. Покрај тоа, според податоци на Државен завод за статистика (ДЗС, 2022) од вкупното количество испуштени во 2022 година, непречистени биле 72.4 %, а пречистени 27.6 % од отпадните води. Но, добрата санитација е во директна поврзаност со безбедноста на храната, се смета дека најмалку 10% од светското население консумира храна што се наводнува со отпадна вода (Отпадни води во земјоделството (2013)).

Лошата санитација ја намалува човечката благосостојба, социјалниот и економскиот развој поради влијанија како што се анксиозност, ризик од сексуален напад и изгубени можности за образование и работа.

Лошата санитација е поврзана со пренесување на дијареални заболувања како што се колера и дизентерија, како и тифус, инфекции на цревни црви и детска парализа. Го влошува застојот и придонесува за ширење на антимикробната резистенција.

Институтот за јавно здравје по повод Светскиот ден на тоалетите 2023 година има две предлог-акции:

ШТЕДЕТЕ ВОДА: туширајте се пократко и не дозволувајте да тече чешмата кога ги четкате забите, се бричите, миете садови на рака и подготвувате храна.

НЕ ЗАГАДУВАЈТЕ: не фрлајте отпадоци од храна, масла, лекови и хемикалии во тоалетите и/или канализацијата.