- 05.12.2023
Посета на претставници од ECDC, MediPIET
Од 29.11 до 1.12.2023 се одржа тридневна посета со евалуација на претставници од ECDC, MediPIET координатори (Mediterranean and Black Sea Programme for Intervention Epidemiology Training).
На стручниот состанок во просториите на ИЈЗ, присуствуваа и претставници од Министерството за здравство, а Институтот беше претставен од Директорот доц. д-р Шабан Мемети, спец. д-р Кристина Ставридис, спец. д-р Катерина Ќирковиќ Колевска, спец. д-р Драган Кочински, д-р Енкела Положани.
Притоа, се презентираа видувања за квалитетот за мониторирање на MediPIET тренинг местото (ИЈЗ). Исто така, направени се стручни интервјуа меѓу MediPIET учесниците од Северна Македонија, супервизорите од ИЈЗ и координаторите од MediPIET.
Целта на овој состанок беше планирање на идни институционални развојни планови кои ќе се користат во MediPIET програмата, како и потенцијални проекти за идните MediPIET учесници.