• 06.12.2023

Годишен состанок на Националниот Европски центар за превенција и контрола на болести (ECDC) за Западен Балкан и Турција


Годишниот состанок на Националниот Европски центар за превенција и контрола на болести (ECDC) за Западен Балкан и Турција се одржа од  5-6 декември 2023 година, во Тирана, Албанија, на кој присуствуваа претставници од земјите од Западен Балкан: Северна Македонија, Косово, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Турција.

Северна Македонија беше претставена од  Директорот на Институтот за јавно здравје доц д-р Шабан Мемети, прим. д-р Гордана Кузмановска, спец д-р Дугаѓин Османи, спец д-р Драган Кочински и д-р Енкела Положани.

ECDC под координација на Националните коресподенти на ECDC работеше со националните власти во земјите на проширување на ЕУ да ги поддржат и зајакнат нивните капацитети за идното учество во ECDC. Во рамките на активностите за техничка соработка на ECDC поддржани од Европската комисија, претставници од земјите учествуваа како набљудувачи во активностите, состаноците, мрежите и техничките дискусии на ECDC поврзани со епидемиолошко следење, детекција на закани, надзор и контрола на заразните болести, подготвеност и одговор.

Се дискутираше за развојот, плановите, можностите, потребите, идеите и достигнувањата во изминатата година како и за плановите и потребите на земјите за поддршка и зајакнување на соработката помеѓу ECDC и националните власти во Западен Балкан и Турција.