• 25.03.2024

ИНФОРМАЦИЈА ЗА СОСТОЈБА СО ЗАБОЛЕНИ ЛИЦА ОД ГОЛЕМА КАШЛИЦА ВО Р. СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО 2024 ГОДИНА, ЗАКЛУЧНО СО 21.03.2024


 ИНФОРМАЦИЈА ЗА СОСТОЈБА СО ЗАБОЛЕНИ ЛИЦА ОД ГОЛЕМА КАШЛИЦА ВО Р. СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО 2024 ГОДИНА, ЗАКЛУЧНО СО 21.03.2024

Неделни податоци

 

Во периодот од 15-21.03.2024 година пријавени се 72 нови случаи на голема кашлица, со 67% зголемување споредено со претходниот седмодневен период (n=43). Во однос на географската дистрибуција, најголем дел од случаите се пријавени во рамките на епидемијата во Скопје (n=58), а пријавени се случаи и во Куманово (n=7),  Битола (n=4), Тетово (n=1), Дебар (n=1) и Струга (n=1).

Возраста на заболените се движи од 0 до 44 години, а најголем број на случаи се од возрасните групи деца од 10-14 години (n=25).

Од новите 72 случаи, 9 случаи (12,5%) се хоспитализирани (7 деца на возраст под 1 година, и по едно лице од возрасната група од 15-19 години и 20-29 години).

 

Кумулативни податоци

 

Заклучно со 21.03.2024, во РСМ се регистрирани вкупно 287 случаи на голема кашлица,  со инциденца од 15,6/100 000 жители.

 

По однос на место на живеење, најголем број лица живеат во Скопје - 247 (86,1%) со зафаќање на петнаесет различни општини, 12 лица живеат во Куманово, 11 лица се од Тетово, во Битола 6, Гостивар три, по два во Дебар и Струга и по еден случај е регистриран од Струмица, Крива Паланка, Кавадарци и Кочани.

 

Заболените лица се на возраст од 1 месец до 78 години (медијана 11,9 години). Најголем број заболени припаѓаат на возрасната група од 10-14 години (27,5%), потоа се децата на возраст до 4 години (25,4%), односно 41 случај (14,3%) припаѓаат на возрасната група под 1 година, а 32 (11,1%) се деца на возраст од 1 до 4 години.

 

Од вкупниот број на регистрирани случаи (287), 157 случаи (односно 54,7%) не биле вакцинирани, не се комплетно вакцинирани согласно возраста или нема доказ за вакцинација. Од случаите кои се комплетно вакцинирани (n=107), просечно поминато време од последната доза на вакцина до заболување изнесува 12,6 години.

 

Од заболените, 44 лица (15,3%) се хоспитализирани, и тоа 38 (86,1%) од нив се на возраст до 4 години.

 

Спроведени активности за вакцинација со вакцина која содржи компонента на голема кашлица на територија на Град Скопје и Републиката

Согласно препораките од Комисијата за заразни болести и Институтот за јавно здравје, во периодот од 18.01.2024 досега, сите вакциналните пунктови во земјата, во соработка со епидемиолошките служби од ЦЈЗ, вршат интензивно избарување на неевидентирани, невакцинирани и некомплетно вакцинирани лица, како и на лицата кои подлежат на редовна вакцинација, со цел нивно  повикување и вакцинирање согласно националниот Календар за имунизација.

Скопје - број на вакцинирани лица од 18.01-21.03.2024

Согласно податоците доставени од ЈЗУ Здравствен дом – Скопје, од Службите за вакцинација (Гази Баба, Чаир, Карпош, Кисела Вода и Центар) беше утврдено дека се пронајдени 15.067 деца пропуштени за вакцинација. Oд нив вакцинирани се 8.243 (54,7%). Од вакцинираните, најголем број и процент примиле I-ва ревакцина (4.423; 53,7%).

Согласно возраста и Календарот за редовна вакцинација, вакцинирани се 9.895 деца на возраст до 7 години, а најголем број и процент (5.813; 58,7%)  од вакцинираните деца примиле I, II и III доза на примовакцинација.

Вкупниот број на дози вакцина која содржи компонента против голема кашлица, дадени како примовакцинација (I,II,III доза) или ревакцинација (I,II ревакцина) на територија на Скопје во периодот од 18.01-21.03.2024 изнесува 18.138.   

Северна Македонија (без Скопје) - број на вакцинирани лица од 18.01-21.03.2024

Од доставените податоци од Центрите за јавно здравје, пронајдени се 7.929 деца пропуштени за вакцинација, од нив се вакцинирани 3.914 (49,4%). Од вакцинираните, најголем број и процент примиле I-ва ревакцина (2.075; 53%).

Согласно возраста и Календарот за редовна вакцинација, вакцинирани се 10.569 дете на возраст до 7 години, а најголем број и процент (5.398; 51,1%)  од вакцинираните примиле I и II доза на ревакцина.

Вкупниот број на дози вакцина која содржи компонента против голема кашлица, дадени како примовакцинација (I,II,III доза) или ревакцинација (I,II ревакцина) во периодот од 18.01-21.03.2024 изнесува 14.483.


 

Оддел за епидемиологија на заразни заболувања

22.03.2024                                                            Институт за јавно здравје на РСМ