• 26.04.2024

Учество на конференцијата „Научен и публицистички интегритет во биомедицината"


По повод десет години од формирањето на Македонското здружение на медицински уредници (МЗМУ), на 25.4.2024 (четврток) се одржа научна конференција со меѓународно учество: научен и публицистички интегритет во биомедицината во просториите на Македонската академија на науките и уметностите, Скопје, и на ЗУМ платформата. Учесници на конференцијата како претставници на Институтот за јавно здравје беа проф. д-р Гордана Ристовска и д-р Џансун Буковец. Плакетата за благодарност на Институтот за јавно здравје беше врачена на проф. д-р Гордана Ристовска-главен уредник на списанието на Архиви на јавното здравје и потпретседател на МЗМУ. Додека, на проф. Ристовска, како долгогодишен активен член на здружението ѝ беше доделена благодарница за особениот придонес за медицинското издаваштво во Северна Македонија.

Институтот за јавно здравје изразува искрена благодарност за доделената плакета. Како и во изминатите сто години од своето постоење, и натаму, ќе продолжи да ја поддржува науката во Северна Македонија. Со оваа прилика, уште еднаш сакаме да ја напоменеме важноста објавувањето на научни трудови во списанија со отоврен пристап и да ве повикаме Вашите вредни истражувања од областа на медицината, фармацијата, стоматологијата да ги објавите во списанието Архиви на јавното здравје, кое е достапно на следната веб-страница: https://www.id-press.eu/aph/issue/archive