- 22.05.2024
СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ 22.5.2024
СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ
ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА ДРОГИ НА ЕУ (ЕМЦДДА) ВО ЛИСАБОН
И ЈЗУ ИНСТИТУТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ НА РСМ (ИЈЗ)
ДАЛИ УПОТРЕБУВАТЕ ДРОГИ? КОЛКУ? ЗОШТО?
ЕМЦДДА во соработка со ИЈЗ го започна “Европското веб истражување за дроги 2024” за да ги процени начините на употреба на дроги во повеќе од 30 држави
(22.05.2024) Дали користите дрога? Колку? Зошто? Ова се меѓу прашањата поставени во последното Европско веб-истражување за дроги, што денеска го промовираше Агенцијата за дроги на ЕУ (ЕМЦДДА). Истражувањето ги таргетира лицата кои што имаат 18 години или повеќе, кои користеле дроги и има за цел да ги процени начините на употреба на дроги во Европа и да помогне во креирањето на идните политики и интервенции за превенција на употреба на дроги.
Доброволното, анонимно истражување – едно од таргетираните “врвни” методи за мониторинг на Агенцијата – оваа година ќе се спроведе во преку 36 држави и на 30 јазици.
Државите од Западен Балкан, меѓу кои е и нашата држава, преку Инструментот за претпристапна помош (IPA8), по втор пат учествуваат во ова истражување, со што се премостува важен јаз во прибирањето на податоците од регионот.
Новата анкета, која ќе трае шест недели, ќе биде врз основа на прашалник кој е структуриран во модули за: социо-демографски податоци, начини на употреба на дрога, пристап до дрога (вообичаено купена количина и цена), со поголем фокус на употребата на канабис. Резултатите ќе допринесат за добивање на знаења базирани на практиките за користење на дрога во Европа.
Иако веб-анкетите не се репрезентативни за општата популација, кога се внимателно спроведени и комбинирани со традиционалните методи за собирање податоци, тие можат да помогнат да се создаде подетална, реална и навремена слика за употребата на дрога и пазарите на дрога во Европа. Како такви, тие се клучни во одговорноста на ЕМЦДДА кон постојано следење на проблемот со дрогата.
Во Република Северна Македонија истражувањето го спроведува Институтот за јавно здравје на РСМ, со поддршка на Министерството за здравство на РСМ.
Прашалникот е поставен на линкот:
https://ec.europa.eu/eusurvey/runner/EWSD2024-NorthMacedonia?surveylanguage=MK и е достапен на македонски, албански и англиски јазик.