• 01.07.2024

ИЗВЕШТАЈ ЗА КВАЛИТЕТОТ И ЗДРАВСТВЕНАТА БЕЗБЕДНОСТ НА ПОВРШИНСКИТЕ ВОДИ ЗА КАПЕЊЕ ОД ПРИРОДНИТЕ ЕЗЕРА И ПРОЦЕНКА НА ЗДРАВСТВЕНИОТ РИЗИК ПРЕД ПОЧЕТОК НА СЕЗОНАТА ЗА КАПЕЊЕ (2024)


Во склоп на реализација на Националната годишна програма за јавно здравје на Република
Северна Македонија како и активностите за превентивна здравствена заштита, се врши следење
на квалитетот на површинските води кои се од здравствен интерес и се наменети за рекреативни
активности и последователна проценка на здравствено-еколошкиот ризик од квалитетот на
површинските води од јавно-здравствен аспект со цел спречување на можните штетни влијанија
врз здравствената состојба на населението. Следењето се спроведува преку повеќекратни
санитарно – хигиенски увиди на предвидените мониторинг места како и земање на примероци
површинска вода за лабораториска анализа од страна на надлежните Центри за јавно здравје и
Институтот за јавно здравје на РСМ. Површинските води со посебен акцент на водите наменети за
капење и рекреација се оценуваат според Уредбата за класификација на водите (Сл. весник на РМ
бр. 18/99) и Правилникот за начинот и мерките на управување со водите за капење, техничките
критериуми и целите на квалитетот на водата за капење, како и начинот и постапката за
информирање на јавноста за резултатите од мониторингот на водата за капење капење (Сл.
весник на РМ бр. 129/16).