• 29.07.2024

Средба на шефот на канцеларијата на СЗО во РСМ и директорката на ИЈЗ


Денес на, 29 јули 2024, во Скопје, новоименуваниот претставник на Светската здравствена организација и шеф на канцеларијата во С. Македонија, д-р Аким Али, оствари средба со новата директорка на Институтот за Јавно Здравје, Д-р Марија Андоновска. 

На официјалната средба во просториите на Институтот за Јавно Здравје, беше нагласена важноста на продолжување и зајакнување на соработката на СЗО и ИЈЗ во поддршката на тековните и идни проекти во областа на здравството и подготвеноста на државата да одговори на итни здравствени ситуации.