- 28.04.2023
28 април – Светски ден за безбедност и здравје при работа
Меѓународната организација на трудот го одбележува 28 април како Светски ден за безбедност и здравје при работа. Тоа е меморијален ден кој е посветен на работниците кои своите животи ги изгубиле поради повреди на работа и професионални болести.
Светскиот ден за безбедност и здравје при работа оваа година се одбележува под мотото: Безбедна и здрава работна средина е фундаментален принцип и право при работа.
На Меѓународната конференција на трудот (ILC) одржана во јуни 2022 година, дискутирано е и одлучено да се вклучи “безбедна и здрава работна средина“ во рамките на основните принципи и права на работа на МОТ (ILO). На 28 април 2023 година, МОТ ќе ја прослави оваа одлука, собирајќи ги експертите од цел свет за да дискутираат за импликациите што таа ги има врз работната средина и неговата имплементација, како и презентација на резултатите од истражувањето на спроведените различни одредби од основните Конвенции број 155 и 187. Целта е да се промовира создавање на глобална превентивна безбедносна и здравствена култура, а со тоа да се влијае на подигнување на свеста што би довело до намалување на бројот на повреди при работа и смртни случаи.
По повод Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија, преку своето Одделение за медицина на труд и проценка на здравствени ризици, ја објави Информацијата за повреди на работа 2021/2022 година. Податоците покажуваат дека во 2022 година се регистрирани 574 повреди на работа, со стапка од 83 повреди на 100.000 работници (83/100.000) што претставува намалување за речиси 16% во однос на претходната година.
Прочитај повеќе на:
#ILO
#IPHMK
#World Day for Safety and Health at Work 2023