• 20.09.2024

Работилница на тема: "Препознај ги знаците на трговија со луѓе "- одржана на 19.09.2024 година во Битола


Согласно Националната годишна програма за јавно здравје на РСМ,Службен весник на РСМ бр.18/2024 година, Институт за јавно здравје преку Одделот за здравствена промоција и следење на болести ја одржа 3та обука од предвидени 4 обуки на годишно ниво за здравствени работници со цел за препознавање и упатување на жртвите на трговија со луѓе и деца.

Обуката се одржа во соработка со колегите од Социјална медицина во Центарот за јавно здравје Битола, а со поддршка од страна на Министерството за здравство и Здружение за акција против насилство и трговија со луѓе-Ла Страда.

На работилницата присуствуваше директорката на ЦЈЗ Битола,  директорот на Здравствен дом Битола, здравствени професионалци како:општи лекари, стоматолози, епидемиолози, специјалисти по медицина на труд, специјалисти по социјална медицина,  медицински сестри од Клиничка болница - Битола, вработени во Здравствен дом Битола од службата за патронажна дејност, Итната медицинска помош, и други.

Едукација и информирање на здравствените работници за феноменот - трговија со луѓе е од огромно значење. Грижејќи се за последиците од трговија со луѓе се грижиме и за јавното здравје! Здравствениот систем игра важна улога во идентификување и лекување на жртвите од трговија со луѓе.