• 03.10.2024

МОРТАЛИТЕТ И МОРБИДИТЕТ ОД РАК НА ДОЈКА КАЈ ЖЕНИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА


 Во Република Северна Македонија најчеста причина за смрт од малигни неоплазми кај жените во периодот 2010-2023 година е ракот на дојка. Од рак на дојка во 2010 година починале 310 жени со стапката на морталитет од 30,0/100000 жени, во 2021 година 337 жени со стапка од 32,6, во 2022 година 356 жени со стапка од 38,5 и во 2023 година 346 жени со стапка од 37,5  на 100000 жени. Во анализираниот период се забележува тренд на пораст на бројот на умрени жени од рак на дојка.

МОРТАЛИТЕТ И МОРБИДИТЕТ ОД РАК НА ДОЈКА КАЈ ЖЕНИ ВО  РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА  (PDF)