• 03.10.2024

Работна средба со проф. д-р Сузана Јордановска, директорка на Државна фитосанитарна лабараторија (ДФЛ)


Директорката на ИЈЗ, д-р сци. Марија Андоновска оствари работна средбa со директорката на Државна фитосанитарна лабораторија (ДФЛ), проф. д-р Сузана Јордановска.

На средбата проф. Д-р Сузана Јордановска се запозна со работата и тековните активности на Институтот за јавно здравје, а при дискусијата се донесоа заклучоци за заедничко дејствување, олеснување на размената на информации и искуства, како и продлабочување на соработката и унапредување на работата меѓу овие две институции.