- 15.10.2024
Присуство на настан по повод Светскиот ден на хосписот и палијативна нега
По повод Светскиот ден на хосписот и палијативна нега, директорката на ИЈЗ, д-р сци. Марија Андоновска присуствуваше на донаторски настан “СО ПОМАГАЛА ДА ПОМАГАМЕ“, организиран од Здружението за палијативни пациенти и нивни семејства -“Палиум“.
Институтот за јавно здравје има соработка во однос на целната група која ја третира здружението на заболените од малигни неоплазми.
На настанот, кој се одржа во просториите на Граѓански ресурсен центар во Скопје, присуствуваа исто така и ортопедските куќи и нивните тимови.