• 03.12.2024

Одбележување на Неделата на свесност за антибиотици


Оваа година одбележувањето на Неделата на Свесност за антибиотици се оддржа на 21.11.2024 во хотел “Александар Палас“ – Скопје.

СЗО под мотото: Едуцирај. Застапувај. Дејстувај, организираше заедно со Министерството за здравство настан со презентации од сите релевантни сектори кои директно се поврзани со борбата со антимикробната резистенција (АМР), како здравство, животна средина, ветеринарен сектор.

Иститутот за јавно здравје на РСМ допринесува во континуитет во справувањето со АМР во нашата држава, преку микробиолошките лаборатории во правовремена и квалитетна детекција на резистентните микроорганизми, одделот за епидемиологија со обработка и следење на АМР, како и со експертите кои се дел од мултисекторската Комисија за АМР.

Со тема:,,Важноста на рационалната употреба на антимикробните средства“ Др. Османи националниот кординатор за АМР, презентираше пред присутните за важноста на употребата на антимикробните средства при јасно дефинирани критериуми.