- 25.02.2025
Видео: Дебелина и физичка активност кај децата
Во последно време се забележува податок дека има се’ повеќе деца со прекумерна телесна тежина. Институтот за јавно здравје постојано во континуитет ги следи бројките и анализите. Дебелината станува јавно-здравствен предизвик број еден во светот, затоа што состојбата е таква и на светско, европско, па и државно ниво кај нас. Таа ситуација веќе не може само да се игнорира и набљудува, туку треба да се преземе некаква акција околу оваа болест и ризик фактор.
Проф. д-р Игор Спироски во емисија на Сител ТВ, Добриот Доктор 07.02.2025 на тема: Дебелина и физичка активност кај децата