• 29.04.2025

Унапредување на меѓуинституционалната соработка во областа на безбедноста на храната и јавното здравје


 

На ден 29.04.2025 година се одржа работна средба помеѓу директорката на Институтот за јавно здравје Науч.сор. д-р Марија Андоновска и националниот координатор за безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика при Владата на Република Македонија, д-р Верче Мицевска.

На средбата беа разгледани тековните активности и предизвици поврзани со безбедноста на храната, здравствената заштита и животната средина, со посебен фокус на унапредување на координацијата меѓу релевантните институции. Двете страни изразија подготвеност за продолжување и интензивирање на соработката, преку заеднички иницијативи и активности со цел јакнење на системите за контрола, мониторинг и заштита на јавното здравје.

Средбата беше оценета како конструктивна и значајна за понатамошното унапредување на стратешките приоритети во областа на безбедноста на храната и здравствената безбедност на граѓаните.