• 13.09.2025

Известување


 Институтот за јавно здравје, во насока на заштита на здравјето и благосостојбата на сите граѓани, во случаи кога постои евентуален ризик од загадување на воздухот и можна изложеност на штетни материи, на населението му се препорачува:


- Во подрачја каде постои ризик од загаден воздух, да се остане внатре и да се затворат прозорците и вратите, особено во подрачјата на непосредна близина на места каде има активни пожари како и подрачјата кон кои ветерот го насочува чадот;
- Да исклучи вентилација и климатизациски системи што вовлекуваат надворешен воздух, за да се спречи навлегување на чад и загадувачи во просториите;
- Редовно да ги следи официјалните информации и ажурирањата за квалитетот на воздухот 
- Лицата со респираторни заболувања, мали деца, стари лица и бремени жени се советуваат да избегнуваат каква било активност на отворено. 
- При неопходна нужност за движење на отворено , во области кои се во непосредна близина на опожарени места, да се користат соодветни маски
- Установите за згрижување на стари лица да преземат мерки за минимизирање на изложеноста на отворено кај оваа ранлива група; 
- Да се внимава на симптоми како кашлица, отежнато дишење, главоболка или иритација на очите, носот и грлото. Секој што ги забележува овие симптоми да побара медицинска помош веднаш; 
- Да се воздржи од контакт или приближување до отпад од т.н погодени подрачја сѐ додека не се добие официјална дозвола за пристап; 
- Да се почитуваат сите инструкции од  јавноздравствените институции и службите за итна помош.

Овие мерки имаат за цел да ги намалат непосредните здравствени ризици и да обезбедат заштита на заедницата.