• 26.09.2025

26 ТИ СЕПТЕМВРИ- СВЕТСКИ ДЕН НА КОНТРАЦЕПЦИЈA


 Во глобални размери, секоја година се одбележува Светскиот ден на контрацепција, Институтот за јавно здравје секоја година на овој ден ја подигнува свеста за значењето, потребата, планирање на семејство како и здравствените придобивки од правилно користење на контрацептивни методи.

Терминот контрацепција се однесува на различни методи или средства кои се користат за безбедност и заштита од непланирана бременост.  Контрацептивите спасуваат животи - особено во кризните подрачја, каде што сериозно ограничената здравствена заштита може да доведе до смртоносни последици за жените кои минуваат низ бременост и породување. UNFPA оваа година го одвележува овој ден, Светскиот ден на контрацепција под мототот: „Избор за сите - дејствување, намера, пристап“

Контрацептивните информации и услуги се од фундаментално значење за здравјето и човековите права на сите поединци.

Планирањето на семејството им овозможува на луѓето да го добијат посакуваниот број деца, доколку тежнеат кон тоа, и да го одредат растојанието помеѓу нивните бремености. Тоа се постигнува преку употреба на контрацептивни методи и третман на неплодност.

 

Спречувањето на несакани бремености помага во намалување на мајчините здравствени проблеми и бројот на смртни случаи поврзани со бременост. Одложувањето на бременостите кај млади девојки кои се изложени на зголемен ризик од здравствени проблеми од рано раѓање деца и спречувањето на бремености кај постари жени кои исто така се соочуваат со зголемен ризик, се важни здравствени придобивки од планирањето на семејството.

 

Со намалување на стапките на несакани бремености, контрацепцијата ја намалува и потребата од небезбеден абортус и го намалува преносот на ХИВ од мајките на новороденчињата. Ова може да биде од корист и за образованието на девојките и да создаде можности жените поцелосно да учествуваат во општеството, вклучително и платено вработување.

 

Од 2019 година, адолесцентите на возраст од 15 до 19 години во земјите со ниски и средни приходи имале околу 21 милион бремености секоја година, од кои приближно 50% биле непланирани и што резултирало со околу 12 милиони раѓања годишно. 
Врз основа на податоците од 2019 година, 55% од непланираните бремености кај адолесцентките на возраст од 15 до 19 години завршуваат со абортуси, кои често се небезбедни во неразвиените земјите  и земјите во развој.
Адолесцентните мајки (на возраст од 10 до 19 години) се соочуваат со поголем ризик од еклампсија, пуерперален ендометритис и системски инфекции отколку жените на возраст од 20 до 24 години, а бебињата на адолесцентните мајки се соочуваат со поголем ризик од ниска родилна тежина, предвремено породување и тешка неонатална состојба.
Податоците за породувањата кај девојчињата на возраст од 10 до 14 години стануваат сè пошироко достапни. Глобално, стапката на раѓање кај адолесцентките на возраст од 10 до 14 години во 2023 година се проценува на 1,5 на 1000 жени, со повисоки стапки во предели на Африка, Латинска Америка и Карибите.
 
Спречувањето на бременоста кај адолесцентките и морталитетот и морбидитетот поврзан со бременоста се основни за постигнување позитивни здравствени резултати во текот на целиот живот и императив за постигнување на Целите за одржлив развој (ЦОР) поврзани со здравјето на мајките и новороденчињата.

 

Според проценките глобално за 2023 година, 257 милиони жени во репродуктивна возраст имаале незадоволена потреба од контрацепција. 
 
Причините за ова вклучуваат:
 
·         Ограничен пристап до контрацепција
·         Oграничен избор на методи
·         Страв или искуство со несакани ефекти
·         Културно или религиозно спротивставување
·         Слаб квалитет на достапните услуги
·         Бариери засновани на пол.

 

Секој заслужува точни, непристрасни информации за и пристап до контрацепција, прилагодени на индивидуалните потреби и околности. Секоја жена има право на репродуктивна слобода да избере дали, кога и со кого да има дете, без принуда, страв или осудување.

 

Сепак, несаканите бремености и неостварените цели за плодност се вообичаени насекаде во светот, негативно влијаејќи врз физичката и менталната благосостојба на милиони.

 

За да се реализира позитивниот концепт на репродуктивното здравје, земјите мора да обезбедат достапност на сигурни синџири на снабдување со контрацепција, медицински точни информации и широк избор на квалитетни производи. Покрај тоа, пристапите кон контрацепцијата фокусирани на жените се клучни за давање приоритет на потребите и искуствата на жените и почитување на нивните избори.

 

Достапни контрацептивни средства во нашата земја се:

 

ü  Машки кондом

ü  Орална контрацепција

ü  Спирала                                    

ü  Женска стерилизација

ü  Васектомија

ü  Итна контрацепција

ü  Дијафрагма

ü   

Планирање на семејството  го подобрува физичкото и менталното здравје и го намалува морбидитетот и морталитетот кај мајките и доенчињата. Исто така  влијае и врз спречување на несакана бременост и небезбеден абортус. Несаканата бременост е поврзана со зголемени ризици. Жените во репродуктивниот период редовно треба да разговараат за контрацепција со здравствен работник.

Во Република Северна Македонија од Извештајот на службата за здравствена заштита на жените при регистрираните  гинеколошки посети се ординирани следниве контрацептивни средства:

Пријавени гинеколошки посети при кои се ординирани контрацептивни средства во Република Северна Македонија, 2007 и 2024 година

 

Пријавени гинеколошки посети при кои се ординирани контрацептивни средства во Република Северна Македонија, 2007 и 2024 година

2007

2024

Индекс  2007/2024

Индекс 2007-2024 Орални контрацептивни сретства

 

Вкупно

посети

посети при кои се ординирани контрацептивни средства

Посети за

Други услуги

Вкупно

посети

посети при кои се ординирани контрацептивни средства

Посети за други услуги

 

орални

ИУВ

дијафрагма

др. локални

орални

ИУВ

дијафрагма

др. локални

 
 

9162

2389

882

26

228

5637

4867

1949

523

33

619

496

53,2

81,5

 

Извор: Оддел за здравствена статистика и публицистика,

Институт за јавно здравје на РСМ

 

 

По  пријавените гинеколошки посети во гинеколошки ординации  од  Извештајот на службата за здравствена заштита на жените  на територија на Р.С.Македонија при кои се ординираат контрацептивни средства се забележува намалување на ординираните контрацептивни средства  во зададениот период .

Податоците во нашата земја покажуваат намалувањето на вкупните гинеколошки посети,  свеста за потребата и употребата на контрацептивни средства остануваат на ниско ниво.  Потребна е едукација и информирање на младите девојки и момчиња за придобивките и значењето на контрацепцијата поради многу аспекти а и заштита од сексуално преносливи инфекции. Затоа е важно да се обезбеди постојан пристап до квалитетни информации и контрацептивни услуги за сите жени и мажи, особено за младите.

  Препораки

Подобрување на пристапот – да се обезбеди достапност на контрацептивни средства во сите региони на земјата, особено во руралните и потешко достапните средини.

 Разновидност на методи – да се прошири изборот на достапни контрацептивни  методи, за секој поединец да може да избере најсоодветен начин според своите потреби и здравствена состојба.

Едукација и информирање – редовна јавна едукација за младите, жените и мажите за придобивките од правилното користење на контрацепцијата и за репродуктивното здравје.

Обезбедување на доверливи и квалитетни услуги – контрацептивните консултации и услуги да бидат достапни, бесплатни или финансиски прифатливи, со почитување на приватноста и правото на избор.

 Намалување на стигмата – работа со заедниците и медиумите за надминување на     културни и општествени бариери кои ја ограничуваат употребата на контрацепција.

Фокус на младите – воведување на програми за сеопфатно сексуално образование во училиштата и младинските центри, за да се намалат несаканите бремености и ризиците по здравјето кај адолесцентите.

Мониторинг и истражување – континуирано следење на употребата на контрацепција и анализирање на бариерите со цел креирање на подобри политики и програми.