- 26.09.2025
Меѓународен ден за животна средина и здравје – 26 септември
По повод Меѓународниот ден за животна средина и здравје – 26 септември, Д-р Давид Здравески како претставник од Институтот за јавно здравје беше дел од Панел-дискусијата „Здрава средина, здрав живот“ во Ресен.
Ден кој не потсетува дека здравјето на луѓето е неразделно поврзано со здрава животна средина. Нашиот Институт врши редовен мониторниг на воздухот, водата, храната, почвата и бучавата во Преспа.
Преспа е еден од највредните природни подрачја во нашата држава, но тоа богатство носи и поголема одговорност.
Денешниот ден нека не остане само симболичен датум, нека е почеток на нова свест, ден за чување на животната средина, сопственото здравје и здравјето на идните генерации.