• 18.05.2026

Употреба на алкохол кај возрасно население во Република Македонија


Во рамки на Национална годишна програма за јавно здравје за 2026 година, ЈЗУ Институт за јавно здравје – Скопје спроведува истражување фокусирано на навиките и однесувањата поврзани со употребата на алкохол кај возрасното население. Целта е да се добие појасна слика за перцепциите и практиките на граѓаните во однос на консумирањето алкохол.

Учеството во анкетата е доброволно и целосно анонимно, а добиените сознанија ќе послужат како основа за подобрување на превентивните активности и креирање на ефективни јавноздравствени интервенции.

 

Прашалникот е краток и нема да Ви одземе многу време за пополнување.

 

Доколку имате 18 години или повеќе, Ве охрабруваме да ја пополните анкетата и да придонесете со Вашето мислење:

 

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfXbvF4a4PUxTm6mdy5VxROT_FliCpqb5Mo1GAoHTcyC1RDVQ/viewform?usp=header