- 18.09.2026
ФИЗИЧКАТА АКТИВНОСТ МОЖЕ ДА БИДЕ ДОСТАПНА ЗА СЕКОГО
Физичката активност не мора да биде поврзана со финансиски трошоци, специјална опрема или организирано вежбање. Многу форми на движење можат да бидат дел од секојдневниот живот и да се приспособат на индивидуалните можности, потреби и услови.
Пешачењето, возењето велосипед, користењето на скалите, движењето во слободното време, вежбањето дома и различните рекреативни активности се начини да бидеме физички активни без дополнителни финансиски трошоци или со минимални средства.
Важно е да се искористат можностите што ни се достапни и да се избере форма на физичка активност што може редовно да се практикува. Различните активности можат да се комбинираат и постепено да станат дел од секојдневните навики.
Секое движење е важно, без разлика на начинот на кој сме физички активни.
#MobilityWeek


