• 12.04.2023

Одржан состанок за иницирање на регионална тренинг програма од областа на интервентна теренска епидемиологија


Во периодот од 4 до 5 април 2023 година, во Будва е одржан состанок во организација на Институтот Роберт Кох, Канцеларијата на СЗО во Црна Гора и Институтот за јавно здравје во Црна Гора на тема “Иницирање на регионална тренинг програма од областа на интервентна теренска епидемиологија за Западен Балкан“.
Освен претставници на организаторите, на состанокот присуствуваа и претставници на земјите на Западен Балкан (националните координатори на MediPIET програмата и претставници на националните Институти за јавно здравје).
Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија на овој состанок беше претставен од Директорот на ИЈЗ, доц. д-р Шабан Мемети.
По дводневната дискусија, договорено е со заеднички сили да се продолжи со активностите, на иницијатива на Институтот за јавно здравје на Црна Гора.
339689459_645040730784971_154082839769413786_n
340018939_679299493998006_6306019373117502699_n
Извор:
Фотографии и текст: ИЈЗ на Црна Гора (фејсбук страна)