- 09.03.2023
9 МАРТ – СВЕТСКИ ДЕН НА БУБРЕГОТ
Бубрезите се парни органи кои се неопходни за нормално функционирање на организмот. Тие се главно одговорни за филтрирање на отпадни производи, вишок вода и токсини од крвта. Бубрезите исто така го регулираат нивото на pH, сол и калиум во телото. Тие произведуваат хормони кои го регулираат крвниот притисок и го контролираат производството на црвени крвни зрнца. Бубрезите дури и активираат форма на витамин Д кој му помага на телото да го апсорбира калциумот.
Бројни фактори се причинители за бубрежнa оштета како: висок крвен притисок, дијабет, срцеви заболувања, пушење, обезност и друго. Тие најчесто предизвикуваат: бубрежни инфекции, бубрежни камења, цисти, акутна и хронична бубрежна болест.