- 03.03.2023
Светски ден на дебелината – Мултидисциплинарен форум за дебелина
На 2.3.2023 (четврток) во 12 часот во Деканатот на УКИМ Медицинскиот факултет во Скопје, под мотото „Ајде да зборуваме за дебелината“ се одржа стручен форум по повод Светскиот ден на дебелината 4ти Март. ИЈЗ преку Одделението за исхрана и здравствено-хигиенски прегледи беше учесник на истиот. Проф. д-р Игор Спироски имаше свое обраќање, во кое се осврна на важноста превентивните јавно-здравствените мерки во мултидисциплинарниот пристап во решавањето на дебелината.
Организатор на мултидисциплинарниот форум беше Научното здружение за обезност – ОБЕМ со претседателот науч. сор. Ирфан Ахмети. Учесници на форумот беа:
– Научно здружение на ендокринолози и дијабетолози на Македонија – доц. д-р Саша Јовановска Мишевска
– Здружение на кардиолози на Македонија – проф. д-р Маријан Бошевски
– Здружение на гастроентеролози на Македонија – проф. д-р Мери Трајковска
– Здружение на психијатри на Македонија – проф. д-р Антони Новотни
– Македонско здружение за храна и здравје – проф. д-р Игор Спироски