• 24.04.2023

Светски ден за безбедност и здравје на работа


По повод Светскиот ден за безбедност и здравје на работа, Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија, преку своето Одделение за медицина на труд и проценка на здравствени ризици, како и секоја година и овој пат, ја објавува Информацијата за повреди на работа 2021/2022 година. Податоците покажуваат дека во 2022 година се регистрирани 574 повреда на работа, со стапка од 83 повреди на 100.000 работници (83/100000), што претставува намалување за речиси 16.0% во однос на претходната година.