Одделението за испитување на здравствена исправност на предмети за општа употреба е од големо значење, бидејќи е единствено засебно одделение и акредитирано од ваков вид во РСМ.
Во ова одделение се вршат испитувања на здравствената исправност на:
Испитувањата се изведуваат согласно постојната национална законска регулатива, која се однесува на предметите за општа употреба и детски играчки, како и најновите ЕУ Регулативи и Директиви.
Од параметрите кои се тестираат на поедини видови на предмети се:
Одделението врши тестирања согласно следнава поделба на предметите за општа употреба (од увоз и домашно производство):
Одделението за испитување на здравствена исправност на предмети за општа употреба е акредитирано согласно стандардот ISO/IEC 17025 за следниве методи:
1. Определување на миграција на метали (олово и кадмиум) од керамички предмети согласно Directive 84/500/EEC и Сл. Весник на РМ бр.1/2013 (20130010005);
2. Определување на специфична миграција на сума од примарни ароматични амини од предмети изработени од пластика, согласно ”Amtliche Sammlung von Untersuchungsverfahren nach§35 LMBG L00.00-6;
3. Определување на миграција на тешки метали (олово, кадмиум и хром) од детски играчки од различни материјали согласно ЕН 71-3:2019;
4. Определување на миграција на метали (олово и кадмиум) во стаклени садови, кои се полнат, согласно ISO 7086:2020 – 1,2.
5. Oпределување на целосна миграција на неиспарливи супстанции во пластични материјали и предмети, согласно EN 1186-3:2022