Одделението за јавни набавки опфаќа работи и надлежности во врска со следењето и реализацијата на планот за јавни набавки, изготвување на одлуки за јавна набавка, објавување на одлуки за јавна набавка во електронскиот систем за јавни набавки, Службен весник на РСМ и во меѓународно службено гласило на ЕУ, согласно одредбите на Законот за јавните набавки, учествува во изготвувањето на тендерските документации за јавни набавки, врши набавки од мала вредност, изготвување на договорите за јавни набавки, ја советува комисијата при спроведување на постапката за доделување договор за јавна набавка, координација и стручна помош на комисиите за јавни набавки, како и правни консултации со Бирото за јавни набавки, Државната комисија за жалби по јавни набавки и други органи и институции, со цел примена на одредбите на Законот за јавните набавки, водење на жалбена постапка пред Државната комисија за жалби по јавни набавки.
Одделението за јавните набавки
Одделението за јавните набавки во рамките на своите надлежности врши дејствија и како Економски оператор кое на пазарот нуди стоки, услуги или работи и учествува во постапките за доделување на договори за јавни набавки објавени на ЕСЈН. Како економски оператор, преку ЕСЈН ги презема следните дејствија: