• 12.06.2023

12 јуни – Светски ден против злоупотреба на детскиот труд


12 јуни како и секоја година па така и оваа се одбележува како Светски ден против злоупотреба на детскиот труд со цел да се привлече вниманието на светската јавност врз оваа сериозна проблематика. Иако  пред неколку години Република Македонија ја ратификуваше Конвенцијата против најлошите форми на злоупотреба на детскиот труд, состојбата и понатаму е алармантна.
  Како што веќе знаеме злоупотребата на детскиот труд подразбира работа на деца кои се под возраста одредена со закон и која го попречува нивниот нормален развој, но, да напоменеме дека, злоупотреба на детски труд не значи само физичка работа, туку и комерцијална и секслуална злоупотреба (детска проституција и порнографија), трговија со деца, деца војници и сл.
  Милиони деца ширум светот се изложени на експлоатација, детска проституција, вооружени конфликти и други форми на злоупотреба на детскиот труд. Оваа практика им пречи на децата да добиваат образование, здравствена заштита и можности за нивниот нормален физички и психички развој.
  Па, така целта на овој ден е да се привлече внимание кон проблемите со кои се соочуваат децата ширум светот и да се подигне свеста за нивните права и да се подигне свеста за неговите последици. Тоа вклучува свест за значењето на образованието, безбедноста и развојот на децата, и за потребата од заштита од експлоатација и злоупотреба. Организации и институции широко го обележуваат овој ден преку различни активности и настани, како што се конференции, семинари, кампањи за подигнување на свеста, културни настани и други форми на јавни мобилизации. Целта на овие активности е да се обезбеди широка поддршка и соработка во борбата против детскиот труд и да се подигне свеста кај јавноста за проблемот.
  Според МОТ, детскиот труд е намален за 38% во последната деценија, но 152 милиони деца сè уште се принудени да работат. Во своите најекстремни форми, детскиот труд вклучува деца да бидат робови, одделени од нивните семејства, изложени на сериозни опасности и болести или оставени сами да се грижат по улиците често во многу рана возраст. Најзастапена форма на злоупотреба на детски труд во Македонија е работата на улица. Отсуствува системски одговор од државата за соодветна заштита и поддршка на оваа група деца и нивните семејства. Огромното мнозинство на деца кои работат доаѓаат од семејства со приходи далеку под границата на сиромаштија. Сиромаштијата не е само причина за детски труд, туку таа се враќа и станува последица како резултат на неможноста да се пристапи до образование заради работењето и завршува со продолжување на сиромаштијата. Поради сиромаштијата, невработеноста, условите и околината во која живее одредена категорија граѓани во Македонија сè уште има деца што своето време го поминуваат на улица и на најразлични начини обезбедуваат средства за егзистенција и тоа најчесто со питачење. Најголемиот број деца на улица имаат родители и најчесто се принудени и злоупотребени од родителите за да питаат на улица или да вршат други работи. Родителите на децата на улица несоодветно го вршат родителското право, ги експлотирааат и злоупотребуваат своите деца, а запоставувањето и негрижата за детето преставува сериозна опасност за правилен психофизички развој. Децата се доведуваат да дојдат во судир со законот или да бидат злоупотребени од други лица. Дополнително, дел од децата на улица не се запишани во матичната евиденција на родени, немаат државјанство или било каква документација, со што им е оневзоможено остварувањето на своите права.
  Токму затоа најважните чекори кои се потребни да се преземат се:
  • вклучување во образовниот процес,
  • обезбедување квалитетен наставен кадар и спроведување на законите,
  • едукација во правец на почитување на меѓународните стандарди, борба против сиромаштијата
  • создавање работни места за возрасните,
  • обезбедување дополнителна настава за деца и млади кои го пропуштиле редовното образование.
  Од 2000 година, на глобално ниво, бројот на деца вклучени во економски активности е намален за 94 милиони. Сепак, во последните неколку години, трендот на намалување е забавен за две третини. Според Агендата за одржлив развој на Обединетите нации до 2030 година, државите се обврзани да преземат итни и ефективни мерки за ставање крај на: принудната работа, современите форми на ропство и трговијата со луѓе, забраната и елиминирањето на најлошите форми на злоупотреба на детскиот труд, вклучително и регрутирање и користење на деца војници.
  Според Конвенцијата на Меѓународната организација на трудот за опасна работа се смета онаа што го нарушува здравјето, безбедноста и моралот на детето, а опасната работа вклучува:             
  • работа што ги изложува децата на физичка, психичка или сексуална злоупотреба;
  • работа под земја, под вода, на опасни надморски височини или во затворени простории;
  • работа со опасни машини, опрема и алати или работа која вклучува ракување или транспорт на големи товари;
  • работа во нездрава средина во која децата можат, на пример, да бидат изложени на опасни материи, агенси, процеси или температури, нивоа на бучава  или вибрации кои може да го загрозат нивното здравје;
  • работа под особено тешки услови, како што е долготрајна работа или ноќна работа или работа каде што детето е задржано без причина во просториите на                  работодавачот.
  Светскиот ден против злоупотреба на детскиот труд како што веќе напоменавме е важна можност за подигнување на свеста, залагање за законски и политички промени, обезбедување на ресурси и помош за децата и нивните семејства, како и за поттикнување на одговорност кај компаниите и индивидуалните граѓани да го спречат и да се борат против детскиот труд. За да се постигне некаква промена потребно е да се превенира. Превенцијата на злоупотребата на детскиот труд е кучна за заштита на правата и благосостојбата на децата. Ефективните превентивни мерки можат да помогнат во намалувањето на случаите на детски труд и нивните негативни последици. Еве некои примери на превентивни мерки:
  1. Законодавство и политики: Владите треба да прифатат и спроведуваат закони и политики кои го забрануваат и криминализираат детскиот труд. Таквите мерки треба да вклучуваат минимална возраст за работа, заштитни стандарди за услови на труд, превенција и казнување на работодавците што го злоупотребуваат детскиот труд.
  2. Образование: Образованието е клучно за превенција на детскиот труд. Сите деца треба да имаат пристап до квалитетно образование кој ќе ги оснажи и нивните родители или старатели да бидат свесни за значењето на образованието и неговите предности во долгорочен поглед.
  3. Социјални услуги: Превенцијата на детскиот труд се основа на пружањето на социјални услуги за семејствата во ризични заедници. Овие услуги можат да вклучуваат економска помош, стипендии, професионална обука и поддршка за родителите и децата.
  4. Подигање на свеста: Јавните свести и кампањите за подигање на свеста можат да играат значајна улога во превенцијата на детскиот труд. Образовните институции, медиумите, невладините организации и друштвените активисти треба да работат за подигање на свеста кај јавноста за негативните последици на детскиот труд и за потребата од заштита на правата на децата.