- 07.08.2023
Интерен оглас за вработување на здравствени работници и здравствени соработници
Врз основа на член 156, 157, 158 и 162 од Законот за здравствена заштита (,,Службен весник на РСМ” Бр. 43/12, 145/12, 87/13, 164/13, 39/14, 43/14, 132/14, 188/14, 10/15, 61/15, 154/15, 192/15, 17/16, 37/16 и 20/19, 101/19, 153/19, 180/19 и 275/19, 77/21, 122/21, 178/21), Правилник за систематизација на работните места во ЈЗУ Институт за јавно здравје на РСМ Скопје, архивски број 02-953/1 од 16.04.2020 година и Правилник за измена и доплнување на Правилникот за систематизација на работните места (бр. 02-1252/3 од 03.06.2020; бр.02-1968/3 од 19.08.2020; бр. 02-2481/2 од 01.12.2020; бр. 02-537/5 од 25.02.2021; бр. 02-1100/4 од 29.04.2021; бр. 02-1307/4 од 14.06.2021; бр. 02-1622/2 од 23.07.2021 и бр. 02-2035/2 од 30.08.2022г.). Согласноста за вработување од министерството за финансии со бр. 18-7081/2 од 30.06.2023 и Одлуката бр.04-1877/1 од 31.07.2022 за објавување на интерен оглас за вработување, ЈЗУ Институт за јавно здравје на РСМ – Скопје објавува:
ИНТЕРЕН ОГЛАС
ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ И ЗДРАВСТВЕНИ СОРАБОТНИЦИ
ЈЗУ Институт за јавно здравје на РСМ – Скопје распишува интерен оглас за унапредување на следните здравствени работници и соработници:
- Раководител на Одделение за безбедност на вода, санитација на животна средина и здравствена екотоксикологија 1 (еден) извршител
- Раководител на Одделение за радијациона заштита 1 (еден) извршител
- Раководител на Одделение за медицина на труд и проценка на здравствени ризици 1 (еден) извршител
- Главен медицински лаборант на ниво на Оддел 1 (еден) извршител
- Дипломиран радиолошки техничар во Одделение за радијациона заштита 1 (еден) извршител
- Друг дипломиран здравствен работник со високо стручно образование 3 (три) извршители
- Дипломиран инженер – аналитичар 1 (еден) извршител
Заинтересираните кандидати за пријавување на огласот треба да ги задоволуваат општите и посебните услови за вработување:
ОПШТИ УСЛОВИ:
-Да се државјани на Република Северна Македонија
-Да се полнолетни
-Да имаат општа здравствена состојба
-Да не им е изречена забрана со правосилна одлука за вршење на професионална дејност или должност (Централен регистар на РСМ е надлежна институција за издавање на овој документ).
ПОСЕБНИ УСЛОВИ:
- Покрај општите услови за вработување утврдени со Закон, кандидатите под реден број 1треба да ги исполнуваат следните посебни услови:
– Завршен медицински факултет и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/2 а степен;
– Положен специјалистички испит по хигиена
– Лиценца за работа;
– Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, германски, француски);
– Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
– 4 години работно искуство непосредно на пониско работно место;
Работното време е 40 часа неделно. Основна нето-плата 63.035.00 денари.
- Покрај општите услови за вработување утврдени со Закон, кандидатите под реден број 2треба да ги исполнуваат следните посебни услови:
– Завршен Природно математички факултет (група: физика/хемија) и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/2 а степен;
– Положен специјалистички испит по медицинска нуклеарна физика или санитарна хемија
– Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, германски, француски);
– Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
– 4 години работно искуство непосредно на пониско работно место;
– Работното време е 40 часа неделно. Основна нето-плата 47.760.00 денари.
- Покрај општите услови за вработување утврдени со Закон, кандидатите под реден број 3 треба да ги исполнуваат следните посебни услови:
– Завршен медицински факултет и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/2 а степен;
– Положен специјалистички испит по медицина на труд
– Лиценца за работа;
– Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, германски, француски);
– Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
– 4 години работно искуство непосредно на пониско работно место;
Работното време е 40 часа неделно. Основна нето-плата 63.035.00 денари.
- Покрај општите услови за вработување утврдени со Закон, кандидатите под реден број 4 треба да ги исполнуваат следните посебни услови:
- Дипломиран лаборант по медицинска лабораториска дијагностика и стекнати најмалку 180 кредитѕи според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
- Положен испит од втор циклус студии: дипломиран стручен лаборант по медицинска лабораториска дијагностика специјализиран за работа во микробиолошка лабораторија
- Уверение за положен стручен испит
- Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, германски, француски);
- Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
- 2 години работно искуство непосредно пониско работно место;
- Работното време е 40 часа неделно. Основна нето-плата497.00 денари.
- Покрај општите услови за вработување утврдени со Закон, кандидатите под реден број 5треба да ги исполнуваат следните посебни услови:
– Завршен стручен радиолошки технолог при медицински факултет и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
-Уверение за положен стручен испит
– Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, германски, француски);
– Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
– 2 години работно искуство непосредно пониско работно место;
Работното време е 40 часа неделно. Основна нето-плата 31.234.00 денари
- Покрај општите услови за вработување утврдени со Закон, кандидатите под реден број 6треба да ги исполнуваат следните посебни услови:
– Дипломирана медицинска сестра или дипломиран медицински лаборант и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
– Уверение за положен стручен испит
– Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, германски, француски);
– Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
– 2 години работно искуство непосредно пониско работно место;
Работното време е 40 часа неделно. Основна нето-плата 31.234.00 денари.
- Покрај општите услови за вработување утврдени со Закон, кандидатите под реден број 7треба да ги исполнуваат следните посебни услови:
– Дипломиран инженер технолог од прехрамбена технологија и биотехнологија и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
– Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, германски, француски);
– Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
– 2 години работно искуство непосредно пониско работно место;
Работното време е 40 часа неделно. Основна нето-плата 32.047.00 денари.
Во прилог на пријавата, а како доказ за исполнување на условите, кандидатите под реден број 1 треба да ги достават документите во оригинал форма, или копија заверена кај нотар:
– Пријава со податоци за контакт;
– Кратка биографија CV;
– Уверение за државјанство во оригинал или копија заверена на нотар;
– Уверение (диплома, потврда) за завршен факултет, во оригинал или копија заверена на нотар;
– Уверение за положен специјалистички испит, во оригинал или фотокопија заверена на нотар;
– Лиценца за работа од областа на специјализацијата;
– Документ (сертификат, потврда) за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски) во оригинал или копија заверена на нотар;
– Копија од документ (сертификат, потврда) за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
– Уверение за здравствена состојба не постаро од една година во оригинал или заверена на нотар
– Доказ дека не им е изречена забрана со правосилна одлука за вршење на професија или дејност, оригинал или заверено на нотар;
– Потврда за 4 години работно искуство на непосредно пониско работно место.
Во прилог на пријавата, а како доказ за исполнување на условите, кандидатите под реден број 2 треба да ги достават документите во оригинал форма, или копија заверена кај нотар:
– Пријава со податоци за контакт;
– Кратка биографија CV;
– Уверение за државјанство во оригинал или копија заверена на нотар;
– Уверение (диплома, потврда) за завршен факултет, во оригинал или копија заверена на нотар;
– Уверение за положен специјалистички испит, во оригинал или фотокопија заверена на нотар;
– Документ (сертификат, потврда) за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски) во оригинал или копија заверена на нотар;
– Копија од документ (сертификат, потврда) за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
– Уверение за здравствена состојба не постаро од една година во оригинал или заверена на нотар
– Доказ дека не им е изречена забрана со правосилна одлука за вршење на професија или дејност, оригинал или заверено на нотар;
– Потврда за 4 години работно искуство на непосредно пониско работно место.
Во прилог на пријавата, а како доказ за исполнување на условите, кандидатите под реден број 3 треба да ги достават документите во оригинал форма, или копија заверена кај нотар:
– Пријава со податоци за контакт;
– Кратка биографија CV;
– Уверение за државјанство во оригинал или копија заверена на нотар;
– Уверение (диплома, потврда) за завршен факултет, во оригинал или копија заверена на нотар;
– Уверение за положен специјалистички испит, во оригинал или фотокопија заверена на нотар;
– Лиценца за работа од областа на специјализацијата;
– Документ (сертификат, потврда) за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски) во оригинал или копија заверена на нотар;
– Копија од документ (сертификат, потврда) за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
– Уверение за здравствена состојба не постаро од една година во оригинал или заверена на нотар
– Доказ дека не им е изречена забрана со правосилна одлука за вршење на професија или дејност, оригинал или заверено на нотар;
– Потврда за 4 години работно искуство на непосредно пониско работно место.
Во прилог на пријавата, а како доказ за исполнување на условите, кандидатите под реден број 4 треба да ги достават документите во оригинал форма, или копија заверена кај нотар:
– Пријава со податоци за контакт;
– Кратка биографија CV;
– Уверение за државјанство во оригинал или копија заверена на нотар;
– Уверение (диплома, потврда) за завршен факултет, во оригинал или копија заверена на нотар;
– Уверение за положен специјалистички испит, во оригинал или фотокопија заверена на нотар;
-Уверение за положен стручен испит
– Документ (сертификат, потврда) за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски) во оригинал или копија заверена на нотар;
– Копија од документ (сертификат, потврда) за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
– Уверение за здравствена состојба не постаро од една година во оригинал или заверена на нотар
– Доказ дека не им е изречена забрана со правосилна одлука за вршење на професија или дејност, оригинал или заверено на нотар;
– Потврда за 2 години работно искуство на непосредно пониско работно место.
Во прилог на пријавата, а како доказ за исполнување на условите, кандидатите под реден број 5 треба да ги достават документите во оригинал форма, или копија заверена кај нотар:
– Пријава со податоци за контакт;
– Кратка биографија CV;
– Уверение за државјанство во оригинал или копија заверена на нотар;
– Уверение (диплома, потврда) за завршен факултет, во оригинал или копија заверена на нотар;
-Уверение за положен стручен испит
– Документ (сертификат, потврда) за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски) во оригинал или копија заверена на нотар;
– Копија од документ (сертификат, потврда) за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
– Уверение за здравствена состојба не постаро од една година во оригинал или заверена на нотар
– Доказ дека не им е изречена забрана со правосилна одлука за вршење на професија или дејност, оригинал или заверено на нотар;
– Потврда за 2 години работно искуство на непосредно пониско работно место.
Во прилог на пријавата, а како доказ за исполнување на условите, кандидатите под реден број 6 треба да ги достават документите во оригинал форма, или копија заверена кај нотар:
– Пријава со податоци за контакт;
– Кратка биографија CV;
– Уверение за државјанство во оригинал или копија заверена на нотар;
– Уверение (диплома, потврда) за завршен факултет, во оригинал или копија заверена на нотар;
-Уверение за положен стручен испит
– Документ (сертификат, потврда) за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски) во оригинал или копија заверена на нотар;
– Копија од документ (сертификат, потврда) за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
– Уверение за здравствена состојба не постаро од една година во оригинал или заверена на нотар
– Доказ дека не им е изречена забрана со правосилна одлука за вршење на професија или дејност, оригинал или заверено на нотар;
– Потврда за 2 години работно искуство на непосредно пониско работно место.
Во прилог на пријавата, а како доказ за исполнување на условите, кандидатите под реден број 7 треба да ги достават документите во оригинал форма, или копија заверена кај нотар:
– Пријава со податоци за контакт;
– Кратка биографија CV;
– Уверение за државјанство во оригинал или копија заверена на нотар;
– Уверение (диплома, потврда) за завршен факултет, во оригинал или копија заверена на нотар;
– Документ (сертификат, потврда) за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски) во оригинал или копија заверена на нотар;
– Копија од документ (сертификат, потврда) за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
– Уверение за здравствена состојба не постаро од една година во оригинал или заверена на нотар
– Доказ дека не им е изречена забрана со правосилна одлука за вршење на професија или дејност, оригинал или заверено на нотар;
– Потврда за 2 години работно искуство на непосредно пониско работно место.
Кандидатите кои завршиле соодветно образование во странство треба да поседуваат:
– нострифицирана диплома со соодветно образование во оригинал или копија заверена на нотар;
– документ за еквиваленција на оцените, издаден од Министерство за образование и наука во оригинал или копија заверена на нотар.
Рокот за пријавување на огласот е 5 (пет) работни дена од датумот на објавување на огласот.
Како прв ден на објавување се смета денот на последното објавување во јавно гласило.
Ненавремена, нецелосна и неуредна документација нема да биде предмет на разгледување од страна на комисијата за селекција на кандидатите.
Пријавите со потребните документи се доставуваат во архивата на ЈЗУ Институт за јавно здравје – Скопје секој работен ден од 08:00 до 14:00 часот или како препорачана пратка по пошта на адреса ,,ЈЗУ Институт за јавно здравје на РСМ – Скопје” ул. ,,50-та Дивизија” бр. 6, општина Центар, со назнака ,,за интерен оглас за вработување”.
Селекција за изборот на кандидатите ќе се изврши согласно членовите 162 од Законот за здравствена заштита од Службен весник на Република Северна Македонија бр. 43/12, 145/12, 87/13, 164/13, 39/14, 43/14, 132/14, 188/14, 10/15, 61/15, 154/15, 192/15, 17/16, 37/16, 20/19, 101/19, 153/19, 180/19, 275/19, 77/21, 122/21, 178/21.
ЈЗУ Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија – Скопје
ДИРЕКТОР/ DREJTOR
Doc. D-r. Shaban Memeti
______________________________