• 28.09.2023

Втора регионална конференција на тема „Едно здравје“


Институтот за јавно здравје на Црна Гора беше домаќин на Втората регионална конференција на тема „Едно здравје“.
Едно здравје („One Health“) е колаборативен, мултисекторски и трансдисциплинарен пристап, кој функционира на локално, регионално, национално и глобално ниво, со цел да се постигне оптимално здравје и благосостојба на сите луѓе, животни, растенија и нивната заедничка околина, препознавајќи ги нивните нераскинливи меѓусебни врски. Основната идеја на овој концепт е дека овие различни аспекти на здравјето се меѓусебно поврзани и дека промените во еден од овие домени може да влијаат на здравјето во други домени.
Претставници на Институтот за јавно здравје од Војводина, Институтот за здравје и безбедност на храна Зеница, Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија, Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје, Специјалистичката ветеринарна лабораторија, Управата за безбедност на храна, Ветеринарно и фитосанитарни работи, Агенцијата за заштита на животната средина, претставник на СЗО од Копенхаген и Instituto Superiore di Sanita од Рим.
Balkan One Health Network (BHN) е основана од Институтот за здравје и безбедност на храна во Зеница, Институтот за јавно здравје од Војводина, Научниот институт за ветеринарна медицина „Нови Сад“, Институтот за јавно здравје во Република Северна Македонија, Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, Институтот за јавно здравје на Црна Гора и Специјалистичката ветеринарна лабораторија Подгорица.
Институтот за јавно здравје на РСМ беше претставуван од Директорот доц. д-р Шабан Мемети, како и проф. д-р Гордана Ристовска, која имаше свое учество во панел дискусија со темата  „Едно Здравје пристап во управувањето со зоонозите“.
382825957_348099410889949_6448764031276799790_n
 
1695564612-foto-1
 
Извор: https://www.ijzcg.me/me/novosti/institut-za-javno-zdravlje-crne-gore-domacin-2regionalne-konferencije-o-jednom-zdravlju