• 02.02.2024

МОРТАЛИТЕТ ОД МАЛИГНИ НЕОПЛАЗМИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА


Малигните неоплазми се меѓу најчестите причини за смрт во светот. Во Р.С.Македонија после болестите на циркулаторниот систем, малигните неоплазми со 3809 смртни случаи во 2022 година се втората најчеста причина за смрт. Во периодот 2010-2022 година стапката на морталитет се движи од 180,3 на 100000 население во 2010 година до 207,9%000 во 2022 година. (Дијаграм 1)                                                   

Дијаграм 1: Стапка на морталитет од малигни неоплазми во Р.С.Македонија, 2010 - 2022 година

 

 

Стапката на морталитет од малигни неоплазми во периодот 2010-2022 година е повисока кај мажите во однос на жените. Во 2022 година од малигни неоплазми починале 2227 мажи и 1582 жени. (Дијаграм 2)

Дијаграм 2: Стапка на морталитет од малигни неоплазми по пол во Р.С. Македонија, 2010 - 2022 година

 

 

Морталитет од малигни неоплазми на возраст над 65 години

Во периодот 2010-2022 година стапката на морталитет од малигни неоплазми на возраст над 65 години осцилира и се движи од 881,1 во 2010 година до 782,9 во 2022 година на 100000 население. (Дијаграм 3)

Дијаграм 3: Стапка на морталитет од малигни неоплазми во Р.С. Македонија на возраст над 65 години, 2010 - 2022 година

 

 

Стапката на морталитет од малигни неоплазми во возрасната група над 65 години е повисока кај машката популација. (Дијаграм 4)

Дијаграм 4: Стапка на морталитет од малигни неоплазми во Р.С Македонија на возраст над 65 години по пол, 2010 - 2022 година

 

 

 

Морталитет од малигни неоплазми на возраст 0 - 64 години

Стапката на морталитет од малигни неоплазми во возрасната група од 0-64 години е значително пониска од стапката на морталитет на возраст над 65 години. (Дијаграм 5)

Дијаграм 5: Стапка на морталитет од малигни неоплазми во Р.С. Македонија на возраст 0 - 64 години, 2010 - 2022 година

 

И во возрасната група 0-64 години морталитетот е повисок кај мажите во однос на жените. (Дијаграм 6)

Дијаграм 6: Стапка на морталитет од малигни неоплазми во Р.С. Македонија на возраст 0 - 64 години по пол, 2010 - 2022 година

 

 

 

 

Најчести примарни локализации на малигни неоплазми

Кај мажите, најчеста причина за смрт од малигни неоплазми, во периодот 2010-2022 година, е малигната неоплазма на бронх и бел дроб со стапка на морталитет која се движи од 64,8 во 2010 година до 58,2 во 2017 година, 67,3 во 2018 година, 56,1 во 2021 година и 65,5 на 100000 мажи во 2022 година. Во 2022 година од малигната неоплазма на бронх и бел дроб починале 595 мажи. (Дијаграм 7)

Дијаграм 7: Стапка на морталитет од малигна неоплазма на бронх и бел дроб кај мажи во Р.С. Македонија, 2010 - 2022 година

 

 

Кај жените најчеста причина за смрт од малигни неоплазми во периодот 2010-2022 година е малигна неоплазма на дојка. Стапката на морталитет се движи од 30,0 во 2010 година, 32,6 во 2021 година до 38,5 на 100000 жени во 2022 година, односно во 2022 година од малигни неоплазми на дојка починале 356 жени. (Дијаграм 8)

Дијаграм 8: Стапка на морталитет од малигна неоплазма на дојка кај жени во Р.С. Македонија, 2010 - 2022 година

 

 

Изготвил: Институт за јавно здравје на РСМ, Оддел за здравствена промоција и следење на болести