• 08.04.2024

ИНФОРМАЦИЈА ЗА СОСТОЈБА СО ЗАБОЛЕНИ ЛИЦА ОД ГОЛЕМА КАШЛИЦА ВО Р. СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО 2024 ГОДИНА, ЗАКЛУЧНО СО 28.03.2024


 

Неделни податоци

 

Во периодот од 15-28.03.2024 година пријавени се 64 нови случаи на голема кашлица, со 11,1% намалување споредено со претходниот седмодневен период (n=72). Во однос на географската дистрибуција, најголем дел од случаите се пријавени во рамките на епидемијата во Скопје (n=39), а пријавени се случаи и во Куманово (n=12),  Битола (n=2), Кочани (n=2), Пробиштип (n=2), и по еден случај во Тетово, Гостивар,  Кратово, Кичево, Велес, Прилеп и Струмица..

Возраста на заболените се движи од 1 месец до 61 година, а најголем број на случаи се од возрасните групи деца од 10-14 години (n=19).

Од новите 64 случаи, 6 случаи (9,4%) се хоспитализирани (5 деца на возраст под 1 година и едно лице од возрасната група од 10-14 години).

 

Кумулативни податоци

 

Заклучно со 28.03.2024, во РСМ се регистрирани вкупно 349 случаи на голема кашлица,  со инциденца од 19,0/100 000 жители.

 

По однос на место на живеење, најголем број лица живеат во Скопје - 284 (81,4%) со зафаќање на шеснаесет различни општини. Од територијата на ЦЈЗ Куманово се пријавени 24 лица, 12 лица од ЦЈЗ Тетово, од ЦЈЗ Битола 8, од ПЕ Гостивар 4 и од ЦЈЗ Кочани 3 случаи. По два случаи се регистрирани во Дебар, Струга, Пробиштип и Струмица, а по еден случај е регистриран од Кичево, Прилеп, Крива Паланка, Кавадарци, Велес и Кратово.

 

Заболените лица се на возраст од 1 месец до 78 години (медијана 11,6 години). Најголем број заболени припаѓаат на возрасната група од 10-14 години (28,1%), потоа се децата на возраст до 4 години (26,9%), односно 54 случаи (15,5%) припаѓаат на возрасната група под 1 година, а 40 (11,5%) се деца на возраст од 1 до 4 години. Највисока инциденца се бележи во возрасната група под 1 година и изнесува 326,6/100.000 жители.

 

Од вкупниот број на регистрирани случаи (349), 211 случаи (односно 60,5%) не биле вакцинирани, не се комплетно вакцинирани согласно возраста или нема доказ за вакцинација. Од случаите кои се комплетно вакцинирани (n=125), просечно поминато време од последната доза на вакцина до заболување изнесува 12,9 години.

 

Од заболените, 49 лица (14,0%) се хоспитализирани, и тоа 42 (85,7%) од нив се на возраст до 4 години.

 

Спроведени активности за вакцинација со вакцина која содржи компонента на голема кашлица на територија на Град Скопје и Републиката

Согласно препораките од Комисијата за заразни болести и Институтот за јавно здравје, во периодот од 18.01.2024 досега, сите вакциналните пунктови во земјата, во соработка со епидемиолошките служби од ЦЈЗ, вршат интензивно избарување на неевидентирани, невакцинирани и некомплетно вакцинирани лица, како и на лицата кои подлежат на редовна вакцинација, со цел нивно  повикување и вакцинирање согласно националниот Календар за имунизација.

Скопје - број на вакцинирани лица од 18.01-28.03.2024

Согласно податоците доставени од ЈЗУ Здравствен дом – Скопје, од Службите за вакцинација (Гази Баба, Чаир, Карпош, Кисела Вода и Центар) беше утврдено дека се пронајдени 15.575 деца пропуштени за вакцинација. Oд нив вакцинирани се 9.222 (59,2%). Од вакцинираните, најголем број и процент примиле I-ва ревакцина (4.987; 54,1%).

Согласно возраста и Календарот за редовна вакцинација, вакцинирани се 10.462 деца на возраст до 7 години, а најголем број и процент (6.136; 58,7%)  од вакцинираните деца примиле I, II и III доза на примовакцинација.

Вкупниот број на дози вакцина која содржи компонента против голема кашлица, дадени како примовакцинација (I,II,III доза) или ревакцинација (I,II ревакцина) на територија на Скопје во периодот од 18.01-28.03.2024 изнесува 19.684.   

Северна Македонија (без Скопје) - број на вакцинирани лица од 18.01-28.03.2024

Од доставените податоци од Центрите за јавно здравје, пронајдени се 8.069 деца пропуштени за вакцинација, од нив се вакцинирани 4.245 (52,6%). Од вакцинираните, најголем број и процент примиле I-ва ревакцина (2.218; 52,2%).

Согласно возраста и Календарот за редовна вакцинација, вакцинирани се 11.636 дете на возраст до 7 години, а најголем број и процент (5.938; 51,1%)  од вакцинираните примиле I и II доза на ревакцина.

Вкупниот број на дози вакцина која содржи компонента против голема кашлица, дадени како примовакцинација (I,II,III доза) или ревакцинација (I,II ревакцина) во периодот од 18.01-28.03.2024 изнесува 15.881.

 

 

 

Оддел за епидемиологија на заразни заболувања

29.03.2024                                                            Институт за јавно здравје на РСМ