- 26.04.2024
28-ми април 2024 година - Светски ден на безбедност и здравје при работа
Климатските промени и безбедноста и здравјето при работа
Како што се интензивираат климатските промени, работниците ширум светот се наоѓаат под зголемен ризик од изложеност на опасности како што се прекумерна топлина, ултравиолетово зрачење, екстремни временски настани, загадување на воздухот, болести пренесени од вектори и агрохемикалии.
Времето за дејствување е сега!
Достапно на следниот линк:
https://www.ilo.org/meetings-and-events/climate-change-and-safety-and-health-work
Во извештајот кој што го објави МОТ се забележува дека бројни здравствени состојби кај работниците се поврзани со климатските промени, вклучувајќи рак, кардиоваскуларни болести, респираторни заболувања, дисфункција на бубрезите и промени во менталното здравје.
-1,6 милијарди работници се изложени на УВ зрачење, со повеќе од 18.960 смртни случаи поврзани со работа годишно од немеланомски рак на кожата.
-1,6 милијарди веројатно ќе бидат изложени на загадување на воздухот на работното место, што резултира со до 860.000 смртни случаи поврзани со работа меѓу работниците на отворено годишно.
-Над 870 милиони работници во земјоделството, најверојатно ќе бидат изложени на пестициди, а повеќе од 300.000 смртни случаи се припишуваат на труење со пестициди годишно.
-15.000 смртни случаи поврзани со работа секоја година поради изложеност на паразитски и векторски болести.
„Јасно е дека климатските промени веќе создаваат значителни дополнителни здравствени опасности за работниците", рече Манал Ази, раководител на тимот за БЗР во МОТ. „
Од суштинско значење е да ги послушаме овие предупредувања. Размислувањата за безбедност и здравје при работа мора да станат дел од нашите одговори за климатските промени - и политики и дејства.
Работата во безбедни и здрави средини е препознаена како еден од основните принципи и права на работа на МОТ. Мора да ја исполниме таа посветеност во однос на климатските промени, исто како и во секој друг аспект на работата".
Извештајот, исто така, ги истражува тековните одговори на земјата, вклучително и ревидирање или создавање на ново законодавство, регулативи и насоки и подобрување на стратегиите за ублажување на климата - како што се мерките за енергетска ефикасност - во работните средини.

https://www.ilo.org/resource/news/climate-change-creates-cocktail-serious-health-hazards-70-cent-worlds
Секоја година Одделението за медицина на труд и проценка на здравствени ризици, при ЈЗУ Институт за јавно здравје на Р.С.М ја изработува Информацијата за повреди на работа во Р.С.М.
Во анализата на состојбата за повредите на работа во Република Северна Македонија се користени податоците од пријавите за повреда на работа и индивидуалните извештаи ЕТ-8, кои Институтот за јавно здравје ги добива преку Центрите за јавно здравје и Фондот за здравствено осигурување, а според претходно важечката методологија за прибирање и обработка на здравствено-статистичките податоци.
Информацијата за повреди на работа 2022-2023 е достапна на официјалната веб страна на институцијата.
Во прилог линк од Информацијата за повреди на работа 2022-2023:
Одделението за медицина на труд и проценка на здравствени ризици,при ЈЗУ Институт за јавно здравје на Р.С.М им го честита Светскиот ден на безбедност и здравје при работа на сите работници .
Да овозможиме безбедна и здрава работна средина сега - ние сме чувари на вашето здравје!