• 12.06.2024

12 јуни – Светски ден против злоупотреба на детскиот труд


 

 

 Светскиот ден против злоупотреба детскиот труд се одржува секоја година на 12 јуни како ден за подигање на свеста и брза акција за запирање на детскиот труд во сите негови форми.

Создадена во 1919 година како дел од Версајскиот договор, со кој заврши Првата светска војна, Меѓународната организација на трудот (MOT) беше основана врз верувањето дека траен мир е можен само ако се заснова на социјална правда. Како резултат на тоа, во 2002 година, беше воспоставен Светскиот ден против злоупотреба детскиот труд.

 Детскиот труд може да се дефинира како „работа што ги лишува децата од детството, нивниот потенцијал и достоинство и која е штетна за физичкиот и менталниот развој“. Оттука, не секоја работа што ја вршат децата е  злоупотреба на детски труд. Активностите кои придонесуваат за позитивен развој на детето и обезбедуваат вештини и искуство за да станат продуктивни членови на општеството не се злупотреба на  детски труд. Детскиот труд кој е забранет според меѓународното право спаѓа во три категории:

Ø  Безусловните најлоши форми на детски труд, кои се меѓународно дефинирани како ропство, трговија, должничко ропство и други форми на принудна работа, принудно регрутирање деца за употреба во вооружени конфликти, проституција и порнографија и недозволени активности.

Ø  Трудот што го врши дете кое е под минималната возраст одредена за тој вид на работа (како што е дефинирано со националното законодавство, во согласност со прифатените меѓународни стандарди), а со тоа веројатно ќе го попречи образованието и целосниот развој на детето.

Ø  Работата што ја загрозува физичката, менталната или моралната благосостојба на детето, или поради неговата природа или поради условите во кои се извршува, позната како „опасна работа“.

Детскиот труд е проблем со кој се соочуваат милиони деца ширум светот. И покрај меѓународните норми и законодавства кои забрануваат детски труд, неговото постоење продолжува.

Околу 160 милиони деца ширум светот - скоро 1 од 10 деца се изложени на детски труд, ангажирани се на работни места кои ги лишуваат од образованието, ја загрозуваат нивната благосостојба и ги прекршуваат нивните основни права. Обединетите нации проценуваат дека речиси 75 милиони жртви на детски труд се на возраст од 5 до 11 години. Четириесет и два милиони деца (28%) се на возраст од 12-14 години; 37 милиони (24%) се на возраст од 15-17 години.

§  Меѓу децата, 63 милиони се девојчиња, а 97 милиони момчиња.

§  Субсахарска Африка има најголем број деца работници со 86,6 милиони деца, а потоа следат Централна и Јужна Азија со 26,3 милиони.

§  1 од 3 деца во детски труд не се на училиште.

§  Приближно 70% (112 милиони) од децата работници работат во земјоделството и сточарство.

§  20% од жртвите на трговијата со луѓе, во рамките на една земја, се деца.

Корените на детскиот труд се сложени и повеќеслојни, честопати произлегуваат од сливот на социо-економски фактори. Екстремната сиромаштија и невработеноста на родителите се факторите кои најмногу ги изложуваат децата, недостигот на пристап до образование и општествените ставови кои го нормализираат детскиот труд придонесуваат за негово опстојување, особено во земјите во развој. Во врска со ова, потребен е заеднички напор за да се искорени сиромаштијата и да се поправат нарушувањата на сегашниот економски систем, кој го концентрира богатството во рацете на малкумина. Исто така, треба да ги поддржиме граѓанските организации да вршат притисок врз државите и економските актери да создадат пристојни можности за работа со правични плати кои ќе им овозможат на семејствата да ги задоволат своите потреби без нивните деца да бидат принудени да работат. Покрај ова, треба да се шири свеста, поддршка и охрабрување на сиромашните семејства да ги испраќаат децата на училиште, обесхрабрувајќи го нивното вработување во домовите и во фабриките, како и поддржувајќи невладини организации и фондации кои работат во корист на децата и младите во земјите во развој. Бидејќи, самото необразование потикнува на поголема можност за експлоатација, трговија на луѓе (особено деца).

         Трговијата со деца и принудната работа претставуваат екстремни прекршувања на правата на децата, кои вклучуваат регрутирање, транспорт и експлоатација за различни цели, вклучително и комерцијална сексуална експлоатација, обврзана работа и принудно питачење. Овие практики нанесуваат тешка психолошка и физичка повреда на жртвите, заробувајќи ги во циклуси на експлоатација и злоупотреба.

Ова се само неколку примери кои ја покажуваат страшната реалност на детскиот труд. Но, не можеме да го прифатиме тоа како норма.

Што можеш да направиш?

ü  Згрижување на деца кои живеат во насилни околности.

ü  Правни ресурси за пронаоѓање исчезнати деца.

ü  Советување за деца кои биле трауматизирани.

ü  Медицинска нега и постојана поддршка за жртвите на злоупотреба.

ü  Интервенција за адолесценти кои се борат со алкохол, сексуална активност или отсуство.

ü  Советување за зајакнување на родителите да ги заштитат и да ги обезбедат своите деца.

ü  Обука за работа и можности за приходи за родителите за децата да можат да останат на училиште.


Токму затоа, Меѓународниот ден против злоупотреба на детскиот труд нѐ потсетува на нашата одговорност да зборуваме за правата на децата и да работиме на нивна заштита.

 

Децата треба да учат и да играат, ниту едно дете не треба да го жртвува своето детство за работа, бидејќи детството е бесценето.