- 18.06.2024
Подготовка за долго, топло лето
За поголемиот дел од Европскиот регион на СЗО, треба да бидеме подготвени за долго, жешко лето, како и воизминатите три години. Временските услови предвидуваат претстојното лето да биде потопло и посуво од вообичаеното во Регионот заради климатските промени. Јавноста, здравствените работници и јавните здравствени власти треба да бидат подготвени за топлотни бранови и да ги спречат и да се справат со можните здравствени последици од изложеноста на прекумерна топлина.
Фреквенцијата, интензитетот и времетраењето на топлотните бранови се зголемуваат, со значителен засилувачки тренд во Регионот, што е многу загрижувачко за Јавното здравство. Поради климатските промени, потенцијалот за опасна изложеност на екстремна топлина се влошува во последните децении и ќе продолжи да се влошува во Регионот во иднина. Неодамнешните студии проценуваат дека веројатноста за затоплување е зголемена за 31 европски град (престолнини на Европската унија плус Лондон, Москва, Осло и Цирих) и откриле дека сите испитани европски метрополитски области ќе бидат поранливи на екстремната топлина во наредните децении. Научниот консензус е дека климатските промени ќе ја зголемат оптовареноста со заболувања поврзано со топлината, доколку не спроведеме силни нивоа на адаптација. Ова е исто така од големо значење за да се избегне дополнително оптеретување на системите за здравствена заштита.
Секоја година, високите температури влијаат на здравјето на многу луѓе, особено постарите лица, новороденчињата, луѓето кои работат на отворено и хронично болните. Топлината може да предизвика исцрпеност и топлотен удар и може да ги влоши постојните состојби - како што се кардиоваскуларни, респираторни, бубрежни или ментални заболувања. Несаканите влијанија врз здравјето на топлото време во голема мерка се спречуваат преку добра пракса на јавно здравје.
Чувајте се оладени на топло.
За време на топлотните периоди, важно е да се оддржи свежина, за да се избегнат негативните здравствени ефекти на топлината.
Чувајте се вон од топлината.
Избегнувајте излегување и вршење напорна активност за време на најжешкото време од денот од 11-17 часот. Искористете ги предностите на специјалното време на шопинг за ранливите групи кога и да е достапно. Останете во сенка, не оставајте деца или животни во паркирани возила, и доколку е потребно и можно, поминете 2-3 часа на ден на ладно место. Доколку УВ индексот е повисок од 8, задолжително да се користи крема со заштитен фактор, капа и наочари со заштита од УВ зрачење, како и да се внимава движењето надвор да биде во сенка. УВ зрачењето и топлината се најсилни во периодот помеѓу 10 и 14 часот и се препорачува во тој период да биде што е можно помала изложеноста на сонце. Воедно, посетителите на плажа треба да имаат предвид дека белиот песок и другите светли површини рефлектираат УВ зрачење и може двојно да ја зголемат изложеноста на зрачењето.
Одржувајте го Вашиот дом ладен.
Користете го ноќниот воздух за да го оладите вашиот дом, со природно проветрување кога надворешните температури ќе се намалат, но со користење на заштита од комарци (комарници). Намалете ја оптовареноста на топлина во станот или куќата во текот на денот со користење на ролетни и исклучувајте што е можно повеќе електрични уреди.
Чувајте го Вашето тело ладно и хидрирано.
Користете светла, бела, лесна и лабава облека и постелнина, практикувајте ладни тушеви или бањи и пијте безбедна вода редовно, додека избегнувате пијалоци со шеќер, алкохолни или кофеини.
Избегнувајте изложеност на сонце или на температури повисоки од 38°C, бидејќи и го зголемува ризикот од изгореници и болести поврзани со топлината..
Додека се грижите за себе, планирајте да проверите на семејството, пријателите и соседите кои поминуваат поголем дел од своето време сами. На ранливите луѓе можеби им треба помош во жешките денови, и ако некој што го познавате е во опасност, помогнете им да добијат совет и поддршка додека ги почитуваат препораките за физичко растојание. Лицата кои користат редовна терапија треба да се консултираат со матичните лекари и фармацевтите за евентуалните влијанија од терапевтиците на способмоста за регулирање на телесната температура.
Поради високите температури и зголемената можност за појава на труења со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува задолжително миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба, термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу кус рок по подготовката, а ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фрижидер на + 4 степени Целзиусови и пред употребата истата да се загрее на + 100 степени. Се препорачува да се избегнуваат производи кои не се термички обработени.
СЗО / Европа им препорачува на земјите и регионите да развијат и имплементираат планови за дејствување на топлина. Овие планови имаат за цел да ги спречат, реагираат и содржат ризиците поврзани со топлината врз здравјето и истите треба да вклучуваат мерки за долгорочна превенција, среднорочна подготовка и краткорочни итни мерки. Република Северна Македонија со Акциониот План за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението во Република Македонија кој е усвоен од Владата во 2011 година спроведува превентивни активности за спречување и минимизирање на потенцијалните штетни здравствени ефекти од високите температури.