• 14.08.2024

Одржана работна средба на директорите на ЈЗУ, скопските клиники и болници со генералните директори на ФЗОМ


На 12.08.2024 година, Директорката на Институтот за јавно здравје д-р Марија Андоновска и директорите на ЈЗУ, клиниките и болниците од Скопје, присуствуваа на работна средба со генералните директори на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски и Бранко Аџигогов.

На средбата, примарниот акцент беше ставен на заедничкото работење и консолидација на јавно-здравствените установи.

Едногласниот заклучок што притоа се донесе е во насока на заедничките заложби и контрола на средствата, со цел постигнување навремени и подобри здравствени услуги за пациентите.