• 10.09.2024

Одржана работна средба со здружението “Заедно Посилни“


На ден 04/09/2024, Директорката на Институт за Јавно Здравје Д-р Марија Андоновска оствари работна средба со "Заедно Посилни" од Скопје, здружение на заедницата на луѓето што живеат со ХИВ во Северна Македонија, коешто обезбедува поддршка за луѓето со ХИВ и се грижи за подобрување на квалитетот на нивниот живот. Оваа организација со своето делување се стреми на различни начини да придонесе за унапредување на националниот одговор кон ХИВ во С. Македонија.

На состанокот беа презентирани активностите на здруженито и беше договорена соработка со ИЈЗ во врска со изготвувањето на анализата на континуумот на услугите за ХИВ, заедно со проценка на вкупниот број лица што живеат со оваа болест.