• 18.09.2024

ПРЕПОРАКИ ЗА ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ КАЈ ВОЗРАСНИ


Кај возрасните, физичката активност резултира со следните позитивни здравствени придобивки: намалување на смртноста од сите причини, намалување на смртноста од кардиоваскуларни болести, намалено ниво на масти, намален ризик од појава на висок крвен притисок и дијабетес тип-2, намалување на стапката на специфични видови на карциноми , подобрена ментална благосостојба, (намалени симптоми на анксиозност и депресија); подобрено когнитивно здравје и спиење.

ПРЕПОРАКИ ЗА ДОБРА ПРАКСА

  1.  Да се практикува некаква физичка активност е подобро отколку да не се прави ништо.
  2. Возрасните треба да започнат со помал степен на физичка активност и постепено да ја зголемуваат фреквенцијата, интензитетот и времетраење со текот на времето.