- 18.09.2024
ПРЕПОРАКИ ЗА ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ КАЈ ВОЗРАСНИ
Кај возрасните, физичката активност резултира со следните позитивни здравствени придобивки: намалување на смртноста од сите причини, намалување на смртноста од кардиоваскуларни болести, намалено ниво на масти, намален ризик од појава на висок крвен притисок и дијабетес тип-2, намалување на стапката на специфични видови на карциноми , подобрена ментална благосостојба, (намалени симптоми на анксиозност и депресија); подобрено когнитивно здравје и спиење.
ПРЕПОРАКИ ЗА ДОБРА ПРАКСА
- Да се практикува некаква физичка активност е подобро отколку да не се прави ништо.
- Возрасните треба да започнат со помал степен на физичка активност и постепено да ја зголемуваат фреквенцијата, интензитетот и времетраење со текот на времето.